Договорот од Пржино е прекршен, за следните чекори консултации во партијата

Скопје, 14 октомври 2015 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз се повлекува на консултации во партијата во однос на кршење и непочитување на Договорот од Пржино, кој веќе не е активен и не е во функција, и во тој дух ќе соопштиме понатамошни наши чекори кои ќе следуваат по консултациите во СДСМ, изјави попладнево Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ како реакција на неизбирањето на тимот на специјалниот обвинител.

- Ова денеска што се случи со неизборот на тимот на обвинители на специјалниот јавен обвинител, де факто значи дека Договорот од Пржино е прекршен. Исто така, прекршен е и Законот за специјалното јавно обвинителство за којшто, впрочем, се договаравме сите политички партии учесници во процесот на договарање, рече Спасовски. 

На прашање дали е постигнат договор за Изборниот законик, тој оговори дека се друго е ирелевантно штом има прекршување на Договорот. 

Спасовски додаде дека откако ќе ги заврши партиските консултации СДСМ ќе го соопшти ставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...