Избраните помошници на Јанева не дојдоа да дадат свечена изјава

Скопје, 19 октомври 2015 (МИА) - Седумтемина помошници на специјалната обвинителка Катица Јанева кои беа избрани минатата недела, не дојдоа на денешната седница на Советот на јавни обвинители на која требаше да дадат свечена изјава со која формално треба да ја преземат должноста.

Јанева во петокот ги повика да не дојдат на денешната седница, бидејќи одлуката на Советот со која беа избрани само седум од 14-те предложени кандидати, според неа е спротивна на Законот за Специјалното обвинителство.

- Денеска 15 минути по закажаниот термин за давање свечена изјава на седумината избрани обвинители на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева очигледно е дека тие нема да пристигнат и да дадат свечена изјава, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Партиските работни групи во саботата постигнаа договор и потпишаа писмо со кое се бара од Советот да ги избере и останатите седум помошници на Јанева, а Уставниот суд што поскоро да се изјасни за уставноста на законот.
Аневски во денешната изјава за медимите информира дека претпладнето во 10 часот и 30 минути од министерот за правда Аднан Јашари во Советот на јавни обвинители пристигнал допис и прилог кон дописот од четирите најголеми политички партии во кој се бара од Советот денеска да одржи седница и да ги избере останатите јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.
- Во 11 часот писмото го доставив до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на нејзино постапување и таа да се обрати со допис до Советот и ние да постапиме по тој допис. Доколку во текот на денов или утре достави допис со одредени барања ние ќе ги разгледаме и ќе закажеме најитна седница на Советот, рече Петар Аневски.
Тој останува на минатонеделниот став на Советот дека за Специјалното јавно обвинителство потребни се седум јавни обвинители плус Катица Јанева, односно вкупно осум и дека нема потреба од толку голем тим.

- Во овој момент мора да сфатиме дека Јавното обвинителство на РМ се соочува со голем број на неизбрани јавни обвинители. Има огромен број на предмети, а повеќе од 50 јавни обвинители недостасуваат во обвинителствата. Па според тоа прелевањето на јавните обвинители, односно тие да одат во ова јавно обвинителство не е логично, рече Аневски.

Излез од оваа ситуација, според Аневски, е менување на Законот за јавните обвинителства и на Законот за судии и јавни обвинители, за да може, како што рече, да се изберат јавни обвинители и да се пополнат испразнетите места во основните, вишите и во Републичкото јавно обвинителство.

Аневски одговарајќи на новинарско прашање рече дека не чувствува потреба да си поднесе оставка и дека не го толкува како пораз барањето да се изберат сите обвинители од тимот на Јанева, наспроти нивните аргументи дека не отстапуваат од одлуката за избор на само седум јавни обвинители во Специјалното обвинителство
Свечена изјава денеска требаше да дадат  Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи, со што и официјално требаше да ги преземат должностите во новата институција.

Јанева побара во нејзиниот тим да има 14 јавни обвинители, но Советот со тајно гласање минатата недела одлучи само седумина да влезат во Специјалното обвинителство.

Следната редовна седница Советот на јавни обвинители треба да ја одржи утре, и како што рече Аневски оставена е множноста таа да биде дополнета доколку Јанева испрати барање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...