Советот обвинители не расправаше за дополнување на тимот на Јанева

Скопје, 21 октомври 2015 (МИА) - Советот на јавни обвинители (СЈО) на денешната седница не ја стави на дневен ред точката за избор на јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.

- Од еден член на Советот на јавни обвинители беше предложено како дополнување да биде и точката за избор на јавни обвинители на Специјалното обвинителство. Јас дaдов образложение дека досега нема некои нови околности или предложено други кандидати, или да образложи зголемување на обемот на работа. Освен тоа писмо што го добивме од Катица Јанева и истата листа на кандидати, изјави денеска по завршувањето на седницата претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Тој рече дека гласале и одлучиле таа точка да не се стави на дневен ред, туку на една од наредните седници да се размислува и разговара за потребите на Специјалното јавно обвинителство.

Аневски додаде дека на седницата присуствувале претставници од ОБСЕ и Амбасадата на САД. Тој ја повика Јанева да дојде во Советот и да разговараат за излез од настаната ситуација.

- Вратата за Катица Јанева во Советот на јавни обвинители е отворена и во секое време може да дојде и да разговараме за да се најде излез од оваа криза, рече Аневски.
Според него, тоа не е криза туку, како што посочи, обврска на Советот на јавни обвинители и обврска на Јанева за да не се доаѓа до вакви непријатни ситуации.

Аневски истакна дека не работат по препораки и точки на партиите. – Ова е Совет на јавни обвинители кој е независен и нема теорија да постапува по препораки на политичките партии, рече претседателот СЈО.
Потсети дека писмото од политичките партии доставено до министерот за правда е доставено до Советот, кој пак и го препратил на специјалната јавна обвинителка Јанева.

- Но, Јанева ја достави потполно истата листа со кандидати за кои веќе еднаш одлучувавме, додаде Аневски.
Аневски рече дека и дале поддршка на Јанева со самиот нејзин избор за специјален јавен обвинител, односно го прифатиле и законот.

- Но, одлука за бројот на јавни обвинители донесува Советот. Колку што знам, отприлика има 28 предмети кои ќе треба да ги работат. Доколку се зголеми бројот на предмети на 120 или 150 ние секако таа одлука ќе ја промениме. Одлуката е излезена во „Службен весник на Република Македонија“ и е определен бројот на седум јавни обвинители и јавен обвинител на тоа јавно обвинителство, што е сосема доволен број со оние податоци што ги имаме за бројот на предмети, рече Аневски.

Како споредба тој посочи дека во одредени обвинителства еден јавен обвинител месечно работи по 30-40 предмети.

- Советот на јавни обвинители не го интересира договорот на политичките партии. Ние постапуваме строго професионално – колку предмети и колку јавни обвинители, друго не не интересира, рече претседателот на СЈО Патар Аневски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...