Амбасадорот Агелов почесното одликуван со „Амабасадор на Маратон“

Атина, 3 ноември 2015 (МИА) – Амбасадорот на Република Македонија во Грција, Дарко Ангелов вчера беше одликуван со почесниот орден „Амбасадор на Маратон“, од страна на градоначалникот на Маратон Илиас Псинакис.

Псинакис, кој е градоначалник на оваа општина во близина на Атина од мај 2014 година, вчера организира гала вечера на која ваков орден им додели на неколку амбасадори, меѓу кои и на Ангелов. Одликувањето се доделува на поединци кои даваат придонес за меѓународната соработка на Грција, а прв добитник е грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кому му беше врачен во мај годинава.

Церемонијата на доделувањето на ордените е организирана во пресрет на атинскиот маратон, кој ќе се одржи во недела и почнува од историска локација токму во општината Маратон. Атинскиот маратон се одржува во чест на војникот Фидипидес, кој трчал околу 40 километри од Маратон до Атина, за ги извести атињаните за победата врз Персијците во овој град.

Амбасадорот Ангелов за МИА информира дека во соработка со општината Маратон, нашата Амбасада ќе работи со цел следната година да има и македонски учесници на атинскиот маратон, кој е еден од најмасовните и најпрестижни во светски рамки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...