Нова телеграма од Спасовски за овластувањата во МВР

Скопје, 13 ноември 2015 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со нова телеграма ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен  допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството.

- Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12.11.2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, информирам дека истата се однесува на сите пренесени овластувања, освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник и овластувањата за ракување со печати и штембили, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластуања, се вели во телеграмата што ја објавуваат медиумите.

Телеграмата е упатена до раководителите на сите организациски единици во седиштето на Министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање и сите сектори во Управата за безбедност и контраразузнавање на територијата на Република Македонија.

На функцијата министер за внатрешни работи Спасовски беше избран завчера, како кадар на предлог од опозициската СДСМ, по гласањето на законите што произлегоа од Договорот во Пржино за надминување на политичката криза.

По објавувањето на правата телеграма од Спасовски се огласи СДСМ со став дека  овластувањата во МВР се одземени за да се спречат злоупотреби. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак оцени дека Спасовски започнал со спроведување политизацијата на МВР, според партиски насоки и оти  во одбрана на секоја негова одлука се објавени партиски соопштенија од СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...