Во Тетово измерени 915 микрограми на метар кубен ПМ10 честички

Скопје, 20 ноември 2015 (МИА) - Загадување на воздухот утрово е регистрирано во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Кавадраци и Велес. Концентрациите во утринските часови се движат од 65 до 250 микрограми на метар кубен, а највисоката концентрација во последните 24 часа од 915 микрограми е измерена во Тетово.

Во Кичево утрово се измерени 65 микрограми, во Велес 89, во Миладиновци 96, во Кавадарци и кај Ректоратот се измерени по 118, Карпош 120, Гази Баба 147, Лисиче 148, Битола 156, Центар 164 и Тетово 249 микрограми.

Во текот на ноќта максималните концентрации, според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, од 108 микрограми се измерени во Миладиновци, 164 во Центар, 205 кај Ректорат, 216 во Кичево, 246 во Велес, 284 во Карпош, 289 во Кавадарци, 332 во Гази Баба, 514 во Лисиче и 915 во Тетово. 

Во Тетово мерната станица во последните 24 часа најниската коцентрација ја регистрирала во 10 часот кога биле измерени 161,65 микрограми на метар кубен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...