Заврши сончевото време - од попладне врнежи

Скопје, 21 ноември 2015 (МИА) – Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, а попладне во крајните западни и северозападни делови со повремен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти на места ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 километри на час. Во ноќните часови врнежи ќе има речиси насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито, во ноќните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Промената на времето ќе се почувствува веќе од недела кога ќе преовладува умерено до значително облачно време. Претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, наместа со пороен карактер (над 20 литри на местар квадратен), а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север дневната температура значително ќе опадне, за пет до девет степени во однос на денешната и ќе се движат во интервал од осум до 15 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...