Доналд Туск во посета на Македонија

Скопје, 22 ноември 2015 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на престојот, Туск ќе има тет-а-тет средба со претседателот Ѓорге Иванов, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, предвиден е и работен ручек на Туск и Иванов и членовите на делегациите.

Причина за итната посета од страна на првиот човек на Европскиот совет, како што објави и Доналд Туск на социјалната мрежа „твитер“, е токму бегалската криза и напливот од мигранти во Европа.

Посетата на Туск следи непосредно по одлуката на одредени земји за ограничување на влезот на бегалците, односно пропуштање само на бегалците од воените конфликти во Авганистан, Сирија и Ирак, а не и на економски мигранти од останатите земји од Блискиот Исток и Африка.

Претседателот на Европскиот совет пред Македонија ќе ги посети и Србија и Албанијa, кои исто така се главна рута на бегалците од воените конфликти.

Бегалската криза и заканите од тероризам беа причината минатата сабота претседателот Иванов да го свика Советот за безбедност.

На седницата беше заклучено АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки доколку се промени ситуацијата на теренот, односно во случај на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат, како крајна мерка да се преземе и поставување жичена ограда на границата.

Претходно, Иванов изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...