Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Филмскиот циклус „Недела на современ јапонски филм 2015“ од утре до сабота ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Сите филмофили и љубители на јапонската култура ќе имаат можност да погледнат филмови во најразлични жанровски категории. 

Годинава тематската целина на филмскиот избор е „Динамична Јапонија“. Ќе бидат прикажани филмот со боречки вештини „Танчарот карате кид“, акциониот филм „Опасни женски“, комедијата „Кралот на извинувањето“ и документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“.

- Културната размена меѓу двете држави е значајна за меѓусебно разбирање и почитување. Културата е одраз на идентитетот на една држава, па затоа токму во ваков вид на успешни културни настани ние можеме подобро да се запознаеме со една така далечна земја како што е Јапонија, изјави Александра Младеновиќ, в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Филмскиот циклус се реализира во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Фондацијата за култура на Јапонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...