Во „Орце Николов“ ќе се полага меѓународен испит за познавање на францускиот јазик

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје го доби брендот Label France Education од француското Министерство за образование и наука со што стана прва  гимназија во Македонија која ја има оваа ознака за квалитет. Со тоа училиштето од идната година ќе биде овластен центар за спровдување на меѓународните испити за познавање на францускиот јазик ДЕЛФ и ДАЛФ.

Досега во Македонија испитите се полагаа во Францускиот институт-Скопје и во двете француски алијанси (во Битола и Тетово), а од мај 2016 официјален центар ќе биде и скопската гимназија.

Директорката на Францускиот институт-Скопје Изабел Марки Барбо денеска на директорката на „Орце Николов“ Сунчица Поповска и го врачи сертификатот, а дипломи добија и неколку професори по француски јазик од училиштата со билингвална настава, кои поминале обука да бидат испитувачи и коректори на испитите.

Директорката Барбо изјави дека досега неколку стотици македонски граѓани го полагале меѓународниот испит.

- Но, вгнездувајќи го тој испитен центар тука, во ова средно училиште, самите ученици ќе може да дојдат да го полагаат испитот. Тоа е целта – да има повеќе ученици што ќе го полагаат. Испитот е факултативен, но учениците кои посетуваат билингвална настава во еден момент треба да го покажат и докажат своето ниво на француски јазик, а ова е единствен начин – со добивање потврда за нивното познавање. Тоа е официјална диплома на француската Влада која важи цел живот. Не е неопходна за упис на факултет, но доколку ја имаат, не мора да полагаат тест за познавање на францускиот јазик пред упис, изјави Барбо.

Директорката на „Орце Николов“ Поповска рече дека е привилегија што нивната гимназија прва го добива брендот за квалитет.

-  Ова ни го овозможува Label France Education. Две наши колешки го положија испитот за спроведување на ДЕЛФ – меѓународна диплома со доживотно значење и привилегија за сите ученици од гимназијата „Орце Николов“, истакна Поповска.

Испитувачи ќе бидат наставници по француски јазик од седумте средни училишта во Македонија во кои наставата е билингвална: гимназиите „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“ и средното стручно училиште „Лазар Танев“ во Скопје и гимназиите „Јосип Броз-Тито“ во Битола, „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, „Гоце Делчев“ во Куманово и „Св. Кирил и Методиј“  во Неготино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...