Попоски: Одложувањето на членството во ЕУ и НАТО не помага за стабилност на Балканот

Берлин, 24 ноември 2015 (МИА) - На покана на „Меѓународниот Аспен институт“ министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествува на форумот за западниот Балкан што се одржува во Берлин.  Попоски и неговите колеги од регионот разговараа за две теми од клучен интерес за земјите од Југоистична Европа: евроинтеграциите и бегалската криза. 

Според министерот Попоски, Европа останува на принципиелниот став дека сите земји од Балканот ќе бидат членки на Европската унија и за тоа се подготвени да помогнат но главниот товар ќе падне на земјите аспиранти.
 
- Тоа нема да значи дека ќе се впуштиме во проект во кој Европа ќе ги преземе одговорностите за создавање на добри услови за живеење на Балканот туку дека земјите сами ќе ги спроведуваат реформите. Ние го истакнваме нашето видување дека е неопходно да се зацврсти тој процес и да се отпочнат преговорите со Македонија и конечно да се заокружи и членството во НАТО бидејќи одлагањето на овие прашања не ја подобрува климата во регионот. Сосема спротивно дококу барање сигурен и предвидлив Балкан е неопходно, час поскоро тоа треба да се случи, изјави Попоски по форумот  организиран од Аспен институтот  и германското министерство за надворешни работи. 
 
На втората сесија од состанокот на Аспен институтот во Берлин се разговарало за мигрантската криза. Попоски од своите европски домаќини побарал соодветни информации за плановите на ЕУ во врска со бегалците за да може земјата и регионот подобро да се подготват за евентуални тензии на главната рута преку која што бегалцигте и економските мигранти заминуваат за ЕУ.
 
- Република Македонија е дел од трасата и значајно е да имаме определена предвидливост за мерките кои што би ги преземале земјите членки на ЕУ во поглед на одвојување на бегалците од од конфликтните региони од економските мигранти. Очигледно е дека не постои клима за понатамошен продолжен прилив на мигранти особено во земјите на прием на пример Германија. Но од друга страна Германија се уште размислува да не презема никакви унилатерални чекори кои би значеле дека бројка од 80 илјади мигранти кои што во овој момент се наоѓаат меѓу Грција и Германија би биле заглавени на тој пат, изјави Попоски според кого за Македонија е неопходно да ги преземе сите мерки за контрола на границите, за насочување на мигрантите и обезбеднување на што е можно подобар систем регистрирање на хуман и безбеден проток на беглаците. 
 
Во неформалниот дел од состанокот учесниците ги коментирале последните тензии меѓу Турција како членка на НАТО и Русија по уривањето на рускиот авион на турско - сириската граница при што од дел од балканските министри било посочено дека сите земји имаат единствен приоритет членство во ЕУ, но и дека доколку предолг период постои вакуум во евроинтеграциите би можело да дојде до обиди за пополнување на тој вакуум од неевропски земји кои што немаат план за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...