Извештајот на ЕК пред членовите на Комисијата за европски прашања

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Седмата препорака од ЕК дава уште една можност да се адресираат реформите како што се очекува од нас и тие, не случајно содржат прецизна агенда - имплементација на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети, изјави вицепремиерот Фатмир Бесими на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која се дебатираше за Извештајот на ЕК за земјата.

- По првото читање СЕП изготви детална анализа како платформа за изготвување на годишната програма за усогласување на законодавството со ЕУ. На седница на Влада беше презентиран и се усвои Акциски план кој е проширен и со краткорочни препораки и чија имплементација неделно се следи од државните инститиции. Почнува и процесот за Годишната програма за усогласување со правото на ЕУ кој набрзо ќе биде во владина, а потоа и во собраниска постапка, што ќе се случи на почетокот од наредната година, рече Бесими.    

Евроамбасадорот Аиво Орав во своето обраќање потсети дека ЕК при подготвувањето на Извештајот оваа година имаше нов пристап со јасни оценки и овозможува нивна споредливост со другите земји од процесот. Документот, рече, содржи седма, но условена препорака со исполнување на Договорот од Пржино и на итните реформски приоритети, на која Комисијата ќе се наврати по изборите во април.

- За да се подобри ситуацијата потребно е да се испорачаат резулати во однос на седум елементи и тоа политичката спогодба да биде комплетно имплементирана, идните реформски приоритети да бидат комплетно остварени, да се истражат случаите со прислушувањето, да се воспостави систем за назначување на судии кој ќе биде деполитизиран, да се разреши уназадувањето во однос на слободата на изразувањето и во однос на сериозните грижи за политизација на јавната администрација и да биде имплементиран Охридскиот рамковен договор, порача Орав. 

Во текот на дебатата пратениците од мнозинството и од опозицијата со различно читање на Извештајот.

Лидија Димова од СДСМ оцени дека Извештајот е далеку од позитивен бидејќи нотира назадувања во повеќе области.

- Македонија нема препорака дефакто. Препораката ни виси, а дали ќе ја земеме ни зависи од изборите во април, а условот е тие да бидат транспарентни, рече Димова.

Нола Исмаиловска Старова од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека по искажуавњатра на опозицијата дека препораката ќе ја изгубиме, вели, мора да е поразително чувството дека препораката ќе остане.

-  Ние сме подготвени да ги продолжиме реформите и да ја задржиме определбата за понатамошна интеграција во ЕУ. Во однос на Договорот од Пржино сметам дека е момент кога сите засегнати страни покажаа политичката зрелост. Го поздравувам и специјалниот обвинител кој што на крај ќе покаже дека требало да постои пресумпција на невиност што сметам дека многу често луѓето намерно или не го забораваат. Во однос на економскиот дел ова е Извештај кој е позитивен за што говорат и бројките од Дуинг бизнис, рече Исмаиловска Старова.

Независната пратеничка Солза Грчева, пак изрази сомневање дека Договорот од Пржино, кој е донесен, вели, нетранспарентно, надвор од институциите и без вклучување на помалите партии, граѓанските здруженија и јавноста, ќе донесе трајно и одржливо решение и дека ќе води кон демократизација на амбиентот во државата.

- Инсистирајќи на старите изборни решенија и немајќи механизми за детално прочистување на избирачкиот список ние повторно не отвараме амбиент за решавање не на политилакта туку општествената криза која е длабоко вкоренета со години. Ако Македонија вчено треба да биде биполарна држава нам вакви циклични кризи ќе ни се повторуваат, рече Грчева.

Заклучоците од седницата ќе бидат дополнително донесени. Комисијата за европски прашања по завршување на реасправата за извештајот за напредок во собраниските тела ќе ги собере сугестиите и ќе ги достави на пленарна седница на Собранието посветена на извештајот за земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...