Пакети со храна и облека од кумановското ОУ „Крсте Мисирков“ за жителите од село М'гленце

Куманово, 24 ноември 2015 (МИА) - Ученици, наставници и родители од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ денеска донираа педесетина пакети со храна и облека за жителите на планинското село М'гленце во општина Старо Нагоричане.
 
Донацијата се реализира преку активот на Црвениот Крст кој функционира во рамки на училиштето. Собраната количина на донираните облека и храна бил мотивот пакетите да се донираат на оние кои во моментов имаат потреба од донација.
 
- Досега три-четири години донирањето беше на ниво на училиштето. Кога видовме дека се појавија доволни количини на облека и храна, решивме да донираме за населението во некое од кумановските села и се одлучивме за М'гленце, изјави Зоран Тасевски, одделенски наставник во ОУ „Крсте Мисирков“. 
 
Активот на Црвениот Крст од ова училиште собира донации  два пати годишно, а денеска помошта ќе стигне до неколкуте ученици и мал број жители на М'гленце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...