Објавен новиот број на списанието за книжевност „Aкт“

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Најновиот број на списанието за книжевност и култура „Акт“, деновиве излезе од печат нудејќи разновидни содржини. 

Феноменот на книжевниот маркетинг е тема на уводникот потпишан од главниот и одговорен уредник на списанието Братислав Ташковски.  

- Околу нас има толку книги што не знаеш што да прочиташ и – дали тоа да го читаш? За да се запрашаш на крајот: зошто да го правиш тоа? Навистина, зошто – кога книжевниот маркетинг (во десетина редови) многу бргу ќе ти ги сервира вредностите. Готови. И нема потреба да размислуваш повеќе, кога со голема радост, сладострастие – би рекол некој, ќе видиш дека нашите големи писатели академски го растураат светот околу нас. Ќе видиш дека тие се секаде, ги има на сите саеми, на сите фестивали, преведени се максимално на повеќе од еден јазик, вели главниот и одговорен уредник Братислав Ташковски во уводникот.

Тој, воедно, прашува што е со оние „македонски автори кои се немоќни да учествуваат во тие вредносни пиарни игри, а целиот свој потенцијал го посветиле на убавото? Што е со младата генерација која неприкосновено настапува, но од сенката подгледнува нагоре за да го види набилданиот ореол на пиарните писатели?“.

Во ова издание поместен е избор поезија од Славе Ѓорго Димовски, препеви од поезијата на бугарските автори Владимир Левчев и Атанас Капралов, како и есеи на Ефтим Клетников за „Лирскиот говор на Кире Неделковски“ и на Иван Котев за „Арсени Костенцев како собирач на кратките фолклорни жанри,

Меѓу другото, овој нрој донесува и критика од Зоран Анчевски за поезијата на Виолета Танчева Златева, како и осврти на Никола Кочовски за новата книга - поезија „Отворена книга“ на Раде Силјан и на Васил Тоциновски за книгата на Христо Петрески „Дали го сакате Дали“.

Во целост е објавената и пиесата „Вук“ од Трајче Кацаров, а читателите ќе можат да прочитаат и избор од песни и проза од главно младата генерација македонски поети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...