Со Македонија имаме одлична координација, ЕУ е пред голем тест

Берлин, 24 Ноември 2015 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ бил еден од најгласните критичари на заедничките политики на Европската унија за бегалците и антитероризмот на денешниот состанок на земјите од западниот Балкан со претставници на ЕУ во организација на „Аспен институтот“ и германското Минстерство за надворешни работи. 
 
- Европската унија се наоѓа пред еден голем тест да утврди дали може да изнајде единствена заедничка политика за одредени важни прашања, а тоа се прашањата за мигрантската криза и тероризмот. Ние како мали земји на западниот Балкан не можеме да водиме автономна политика кога станува збор за мигрантската криза туку нашата политика секако ќе се заснова на ставовите на земјите кои што се наоѓаат на тој таканаречен западно  „балкански пат на бегалците“. Тоа значи дека ако земјите од западна Европа ги затворат своите граници и ние ќе бидеме принудени да ги затвориме своите граници, предупредил во своето излагање српскиот министер за надворешни работи. 
 
Дачиќ пред присутните се пожалил дека ниту Србија ниту Македонија немаат соодветни информации за плановите на ЕУ. 
 
- Ние од Европската Унија досега не сме добиле одговор каква е нивната политика, што е нивни став, за да знаеме ние како да ги прилагодуваме нашите политики. Во таа смисла претставници на владите на Македонија и Србија во повеќе наврати разговарале на оваа тема и, барем што се однесува до нас, имаме една добра координација кога станува забор за следните денови и недели. Мислам дека ние не смееме да станеме собирен центар за сите мигранти затоа што тоа не е можно и не е реално да се издржи. Од тој аспект доколку нема затворање на европските граници за мигрантите и ние ќе продолжиме со протокот на бегалците, но тие да останат на наша територија една година или постојано мислам дека тоа не е реално, рекол Дачиќ.
 
Затоа, според Дачиќ, ЕУ треба да работи повеќе на утврдување на своите заеднички политики, а кога станува збор за Западниот Балкан да покаже многу повеќе флексибилност и, исто така, да има заедничка политика за проширувањето. Според српскиот министер, вистинско решение за најголем дел од проблемите на Балканот е што е можно побрзо сите земји на регионот да станат членки на Европската Унија. 
 
На средбата на „Аспен институтот“ учествуаат сите министри за надворешни работи од земјите од западниот Балкан меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, кој од ЕУ побарал соодветни информации за плановите на Брисел во врска до бегалците со цел земјата да се подготви подобро за справување со хуманитарните, транспортните и безбедносните аспекти на бегалската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...