Несогласувања за деловникот на анкетната комисија за прислушувањето

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето утре ќе одржи координативен состанок за усогласување на деловникот за работа, а продолжението на денешната седница е закажано за в четврток. 

Претседателот на Анкетната комисија, пратеникот Петре Шилегов од СДСМ, го прифати барањето на пратениците - членови на Комисијата од владејачкото мнозинство за усогласување на ставовите во врска со деловникот, за кој тие денеска изнесоа низа забелешки.

Најбројни беа забелешките за одлучувањето, за што во Предлог-деловникот стои дека претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови ќе го има одлучувачкиот глас. Исто така, пратениците сметаа дека треба да се ограничи времетраењето на обраќањата и изјаснувањата на сведоците и експертите, работата на Комисијата да биде заснована само врз Деловникот за работа на Собранието, туку и на соодветните закони за Собрание и за класифицирани информации и друго. 

Шилегов рече дека Предлог-деловникот до членовите на Анкетната комисија го испратил во четвртокот со барање на неговата емаил адреса да бидат доставени забелешките. Дел од пратениците посочија дека материјалот го добиле на приватните емаил адреси и оти е потребна поголема координација. 

- Во делот на правото на претседателот да гласа последен во случај на поделени гласови и начинот на којшто ќе гласа претседателот да биде условно мнозинство за одлуката на Комисијата, што е меѓународен стандард предвиден меѓу другото и во словачкиот Парламент. Тоа не е никаков исклучок и е така со цел да не ја доведеме Комисијата во можна ситуација или состојба да биде заложник на определена пратеничка група, изјави претседателот на Анкетната комисија.

Конечниот извештај, кој треба биде готов до крајот на јануари, Комисијата треба да го донесе со консензус.

- Оваа Комисија не може, не смее и нема да биде заложник на една пратеничка група, рече Шилегов. До денеска тој, како што кажа, не примил ниту една писмена забелешка ниту пак било побарано од него да се одржи координативна средба за усогласување на деловникот посочувајќи дека ова е несериозен пристап кон работата на Комисијата. Некој, според Шилегов, нема интерес Комисијата да почне со работа. Интерес на македонската држава и на јавноста, рече пратеникот, е да се утврди одговорноста на носителите на државните функции која произлегува од објавените прислушувани разговори, што доведе и до политичката криза. 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека одолговлекувањето не е цел на оние коишто сакаат да се дознае кој и зошто прислушувал, во чиј интерес, со или без овластување и со која цел.

- Сите членови посебно на оваа Анкетна комисија од ВМРО-ДПМНЕ имаат сериозен интерес да се дознае кој прислушувал, во кој временски рок прислушувал, како го направил тоа, дали имал овластување или немал овластување, во кој обем, зошто ги нарушил човековите права и во чиј интерес тоа го направил. Дали тоа го направил од свој личен материјален интерес, за група на луѓе или за други. Тоа сакаме да се дознае што поскоро и сметаме дека преку оваа Анкетна комисија ќе можеме да стигнеме до фактите кои може да не донесат блиску до вистината, изјави Милошоски. 

Пратеникот смета дека нема друг поповикан освен претседателот на Комисијата кој треба за ваква сериозна работа, кога предлага деловник, да биде иницијатор на координација и разговори за усогласување на деловникот според којшто треба да се работи.

- Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека би требало да се потрудиме, а тука ќе го видиме капацитетот на претседателот на Комисијата, деловникот да го усвоиме со консензус, рече Милошоски.

Можеби, рече тој, целта е да се предложи деловник кој ќе предизвика дебата и потоа владејачката партија да биде обвинета дека не сака тој предлог деловник да биде усвоен. 

- Тоа што најмногу иритира во овој деловник без разлика на искуството од Словачка е правото на еден член на оваа Комисија да има два гласа. Нема таква комисија во Собранието на Република Македонија, партиска во СДСМ, ниту во која било друга партија, ниту во Владата, ниту во кој било други органи на функционирање каде што некој човек вреди двапати повеќе од другите, изјави Милошоски.

Дека е потребна координација сметаат и другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот од ДУИ Ејуп Рустеми. 

Според Горан Мисовски од НСДП потребна е политичка волја за разрешница на скандалот со прислушувањето и утврдување на политичка одговорност.

По утрешната координација, продолжението на првата седница на Анкетната комисија за прислушување на која треба да биде донесен деловник за нејзината работа е закажано за в четврток во 13 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...