Прилеп: По трет пат ќе почне проекот за помош на старите лица „Супер Марио“

Прилеп, 25 ноември 2015 (МИА) - Локалната самоуправа на Прилеп и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески-Платник“ го потпишаа договорот за проектот за домашна нега и помош на стари лица насловен „Супер Марио“.
 
Според градоначалникот Марјан Ристески ова е уникатен проект во Македонија за помош на старите и изнемоштени лица.
 
- Во рамките на проектот „Супер Марио“ локалната самоуправа ангажира 15 волонтери кои им помагаат на старите лица во домашни услови. Проектот се спроведува секоја година, а ова е трет пат.  Годишно, за „Супер Марио“ локалната самоуправа од буџетот издвојува околу 1.200.000 денари за ангажирање на волонтерите кои три пати неделно ќе ги посетуваат дома старите и изнемоштени лица и ќе им помагаат во секојдневните обврски и потреби и во негата, изјави Ристески.
 
Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески-Платник“ секогаш е на располагање да им помогне на старите лица.
 
- Секогаш сме подготвени да им помагаме на старите и изнемоштени лица. И на оние во домашни услови им е потребна негата за кои е наменет проекот. Инаку, капацитетот на домот е за 150 лица, а досега има 130 корисници, вели директорот на домот за стари лица Ирена Стерјовска Локвенец.
 
Со помош и нега три пати неделно во домашни услови се опфатени над 100 стари и изнемоштени лица. Новиот проектот ќе почне од 1 декември и ќе трае до 30 ноември 2016 година. Од општината истакнуваат дека ќе настојуваат во иднина да го прошират проектот и да опфатат уште повеќе стари лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...