„Трето полувреме“ вечер ќе го отвори Биеналето на израелски и еврејски филм во Нанси

Стразбур / Нанси, 25 ноември 2015 (МИА) - Македонскиот филм на Дарко Митревски „Трето полувреме“ вечер ќе го отвори 4. Биенале на израелскиот и еврејскиот филм во Нанси. На проекцијата ќе присуствува актерот Сашко Коцев, јавува дописникот на МИА од Франција. 

Тоа ќе биде прво прикажување на овај македонски филм пред француската јавност, откако беше објавено ДВД и блујреј-издание на филмот со превод и синхронизација на француски јазик. 

Актерот Сашко Коцев вчера во Советот на Европа во Стразбур присуствуваше и на проекција на филмот „До балчак“ на Столе Попов во кој, исто така, игра главна улога. 

- Многу ми е драго што се оствари оваа соработка со амбасададрот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, да   дојдам овде и да присуствувам - најпрво на проекцијата на „До балчак“ овде во Стразбур, а потоа и во Нанси на „Трето полувреме“. Ова е редок момент кој може никогаш нема да се случи, токму во Европскиот парламент и Советот на Европа. Биеналето во Нанси е вистинско место за приказната во филмот -  за сагата на Евреите, која од ден во ден се повеќе и повеќе се обелоденува, изјави Сашко Коцев, кој вечер ќе присуствува на проекцијата во Нанси.

Филмот „Трето полувреме“ беше избран за Биеналето на израелски и еврејски филм во Нанси на предлог на Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен со кој неколку години претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски.

Овај фестивал е познат што на својата публика и нуди ретки  остварувања од европската кинематографија. Така, минатото лето на своето 21-во издание во Нанси го прикажа филмот „До балчак“ на Столе Попов.

Филмот вчера беше  прикажан во киносалата на Советот на Европа во Стразбур, на специјална проекција во рамки на активностите за одбележување на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија во Советот на Европа. Проекцијата ја организираше Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во соработка со Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен.

- Република Македонија има плодна соработка со Советот на Европа во областа на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, но соработката не може да се замисли без заемната и заедничка соработка во делот на културата. Прикажувањето на филмот „До балчак“ е во делот на културната соработка со Советот на Европа. Знаеме дека Република Македонија има соработка со Еуроимаж, кој што е институција на Советот на Европа, изјави македонскиот амбасадар во СЕ, Петар Поп Арсов.

 Актерот Коцев кон ова додаде дека срцето на Европа во Стразбур е вистинското место за приказната што е раскажана во филмот. 

- Затоа што токму за истата тематика, за една Европа којашто доаѓа на Балканот, се разговара и во филмот. Затоа мислам дека сме на вистинското место и во еден многу убав момент - за јубилејот дваесет години, додаде Коцев.

Вечерта на проекцијата во Стразбур беше прилика за дружење со претставниците на земјите-членки на Советот на Европа, дипломатскиот кор, вработените во Советот на Европа и малата македонска заедница која живее и работи во Стразбур, како и членовите на Асоцијацијата за негување на пријателството меѓу Алзас и Македонија, кои не го криеа задоволството да поразговараат со еден од главните ликови во филмот, актерот Сашко Коцев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...