Недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем

Загреб, 25 ноември 2015 (МИА) – Недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем. Земјите од регионот соработуваат во многу сфери, но не и во безбедноста, а се е условено во безбедноста и стабилноста, порача претседателот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на лидерите на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржа во Загреб.
 
- Тоа е последното предупредување дека земјите од регионот треба неодложно да ја максимизираат соработката во сферата на безбедноста, рече Иванов, посочувајќи дека за тоа е неопходна и поддршката од сојузниците и партнерите, а особено од Соединетите Американски Држави, јави известувачот на МИА.
 
Иванов нагласи дека изворот на сите проблеми во регионот е ист, а Балканот, додаде, се уште не е целосно интегриран во Европската унија и во НАТО.
 
– Поодамна предупредуваме дека третирањето на интеграцијата како техничко, а не како суштинско прашање го прави целиот регион, а со самотот тоа и Европа, помалку отпорна на заканите. Неопходно е ЕУ и НАТО да ги сменат политиките кон Македонија и да ги тргнат блокадите, потенцира Иванов во својот говор.
 
Во заклучоците на Самитот, јави известуваќот на МИА, е истакнато дека е неопходен редовен дијалог на оперативно ниво меѓу САД, Европската унија и земјите од Југоисточна Европа со цел да се спротиставиме на глобалните безбедносни закани.
 
- Актуелната драматична криза со мигрантите претставува предизвик без преседан како од хуманитарен, така и од безбедносен аспект кој бара дијалог и согласност за подобро да се заштитат надворешните граници на ЕУ и значително да се олесни приисокот на бегалците врз погодените држави, оценија учесниците на самитот и порачаа дека проширувањето не треба да се гледа како технички, туку како политички процес.
 
Во заклучоците од самитот се посочува дека на отворените блатерални и регионални прашања треба да им се пристапи конструктивно и во согласност со меѓународното право и принципи.
 
- Денес ние лидерите на процесот Брдо Бриони ја обновуваме нашата посветеност кон градењето доверба, развојот на билатерален и регионален дијалог и кон помагањето едни на други во согласност со процесот на европски и евроатлански интеграции, како и кон промовирањето на натамошна соработка и помирување, порачаа лидерите-учесници на самитот. 
 
Се обврзуваме, нагласија, да ја подобриме економската соработка и поврзаност преку регионални инфраструктурни проекти со посветување на особено внимание на енергетската сигурност.
 
- Фокусот ќе биде насочен кон гарантирање на просперитетот на младите генерации со мобилни програми и можности за работа. Треба да се истакне синергијата на процесот Брдо Бриони со Берлинскиот процес и во тој контекст го поздравуваме исходот од самитот во Виена, укажуваат учесниците на самитот.
 
Искажаа згрозеност од бруталноста на терористичкиот напад во Париз и од терористичките напади во Анкара, Синај, Бејрут и Бамако и повикаа на ефективни и ефикасни глобални решенија за борба за разрешување на корените на радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот. За тоа, како што порачаа, е неопходна широка меѓународна соработка и подобро координирање и размена на информации меѓу безбедносните агенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...