Почна снимањето на краткиот игран филм „Чевли”

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Продуцентската куќа „Круг филм“ почна со снимање на краткиот игран филм „Чевли“, во режија и по сценарио на Бранко Костески. Снимањето ќе трае до недела на повеќе локации во Скопје.

- Филмот е драма во која протагонистот Јован во младоста е сведок на напад од група тинејџери врз неговиот татко. Тој бега од тепачката немајќи храброст да се вмеша.  Дејството на филмот се случува 25 години подоцна, кога таткото на Јован умира и му ги остава чевлите, највредното нешто што го поседува, и оттогаш неговиот живот се превртува наопаку, соопшти продукцијата за содржината на филмот. 

Во актерската екипа се: Благој Веселинов, Диме Илиев, Роберт Ристов, Ана Костовска, Григор Јованосвки, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Стефан Петровски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, композитор Бојан Петков. 

Копродуцент на филмот е Факултетот за драмски уметности од Скопје. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република  Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...