Извештајот на ЕК за трудот и социјалната заштита на седница на собраниска комисија

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2015 година во делот на слободата на движење на работници и социјална политика и вработување беше тема на расправата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика.

Пратениците од опозицијата и од партиите на власт имаа различно видување на оценките за она што е направено во овие сфери со цел усогласување на законодавството со она на Европската унија и за унапредување на состојбите.

Претседателот на Комисијата и пратеник од СДСМ Јован Митрески смета дека овие сфери имаат доста слаби оценки во извештајот и оти она што било планирано да се реализира на среден рок не било реализирано ниту на долг рок.

- Во поглавјето два - слободно движење на работници пишува дека подготовките се во многу рана фаза и одат бавно, во однос на минатата година е направен одреден напредок. Ако погледнеме назад во претходните извештаи оваа фраза се повторува што значи дека во овој период ништо не се поместило, рече тој. 

Додаде дека слабо се оценети и поглавјата социјална политика и вработување, трудово законодавство, здравје и безбедност при работа, социјалниот дијалог и политиката на вработување и заштитата на работничките права. Причини за ваквите состојби, рече тој, според извештајот на ЕК, се бавната имплементација на законите, недоволниот капацитет на администрацијата, креирањето работни места главно во сектори со ниска продуктивност...

На ова реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски кој истакна дека се согласува оти треба да се остане на европскиот пат и да се продолжи да се работи на отстранувањето на недостатоците и создавање поддршка за работниците, примателите на социјалната помош... 

Но, не може да се каже, додаде тој, дека до сега не е ништо направено особено што, како што рече, само во овој состав на Парламентот се усвоени многу закони за подобрување на состојбите во овие сфери.

Цел на сите сите закони, на чија имплементација се работи, рече Деспотовски, е да се усогласи македонското со европското законодавство, но пред се, како што нагласи, заради граѓаните, работниците, социјално загрозените семејства... да се направи што е можно повеќе за нив.

Потенцира дека се преземени и многу мерки за намалување на невработеноста, што, според него, може да се види од намалениот процент на невработени. Особено значајно е, рече, што се работи на намалување на невработеноста кај младите, за што, како што потенцира,  сведочи бројката од над 10 илјади вработени млади до 29 години само во последната 1 година и 8 месеци.

Реплицираше и пратеничката Благородна Бојаџиева која смета дека различните гледања на извештајот се резултат на тоа кој и што сака да види.

- Добив впечаток како да го немаме пред нас истиот извештај бидејќи, во поглавјето два кажавте дека подготовките за поглавјето за слобода на движење на работници се во рана фаза, што е точно, но треба да се има предвид дека потоа се констатира оти е постигнат одреден напредок во изминатата година, рече таа.

Дополнително, додаде, ова поглавје се однесува на граѓаните на земја членка кои имаат право да работат во друга земја членка на ЕУ, а Македонија тоа не е.

- Нотиравте негативизам за Македонија која се уште не е земја членка. Не слушнав една работа да кажете Република Македонија ова го направила позитивно или има ваков или онаков напредок во овој сегмент во социјалната заштита. Како да сакате да кажете што се не сме направиле, а ние имаме многу повеќе направено. Ако сакате да зборувате што не е направено треба да кажете и што е направено, потенцира Бојаџиева.

Пратеничката од СДСМ Лидија Димова истакна дека Владата нешто сработила, но оти пратениците не се тука да ја фалат за тоа, туку да укажат каде се слабостите и да се види како ЕУ го оценува тоа што било сработено. 

Забележа дека една од слабостите е и неискористувањето на средствата од фондовите на ИПА кои се однесуваат на вработувањето, образованието и социјалната инклузија и кои изнесуваат над 20 милиони евра, средства со кои, како што рече, можело многу да се направи во овие сфери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...