Промовирана монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и Божјата волја. Книгава, која нему му е посветена, посочи, е поделена на три дела, каде секој дел претставува своевидна целина. 

- Во првиот е претставен животописот на Свети Наум преку еден од најстарите извори што постојат за него, но воедно се говори и за неимарската дарба на овој предан ученик и сотрудник на светите браќа Кирил и Методиј. Вториот е многу поконкретен и главно обединет околу една конкретна тема која ги опфаќа сите наслови-уметноста во манастирот „Св.Наум Охридски“, рече г.г.Стефан.

Потенцира дека во третиот дел, пак, се говори опширно и за култот на Свети Наум, но не само во рамките на диецезата на Охридската архиепископија, туку и на други страни во опкружувањето, на Света Гора, до Виена и Мишколц. Потоа, нагласи, се следи култот на Свети Наум и во поновите историски раздобја, за време на просветителството во Македонија, но и во 19 и 20 век.

- Монографијата е збогатена со прекрасни фотографии кои на свој начин сведочат за моменталната состојба на многуте артефакти кои преку нив се претставени, истакна г.г.Стефан и додаде дека овој значаен труд се промовира како најава на овогодишното чествување на празникот и во предвечерието на годината во која ќе одбележиме 1100 години од упокојувањето на светинаумовиот сотрудник - Свети Климент Охридски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека монографијата има исклучително значење бидејќи во неа академик Грозданов презентира научни опсервации и достигнувања кои ги надминуваат рамките на нашата национална историографија.

- На 360-те богато илустрирани страници на изданието со аналитички пристап се опфатени повеќето просторни и тематски целини од архитектурата на главната манастирска црква посветена на Свети Наум, исклучително вредниот фрескоживопис кој сведочи за суптилниот и префинет дух на мајсторот од Корча, Трпо Зограф, потоа бесценетата резба на иконостасот кој е своевидно ремек-дело, како и иконите од Константин јеромонах сликани во 1711 година кои се особено значајно културно наследство создадено во 18 век, истакна Канческа-Милевска.

Ова капитално дело, посочи министерката, е книжевна рефлексија и научен доказ за значењето на црковната, градителската и уметничката традиција на овие простори која имала комплексни влијанија на славјано-византиската духовност. Нагласи дека монографијата е непроценливо богатство за сите стручни лица кои во наредниот период ќе се занимаваат со проучување на различните уметнички и научни аспекти на вредностите на културното наследство на Република Македонија.

- Ова вредно дело содржи поглавја кои се фундаментални и тие ги поставуваат основните методолошки принципи на кои ќе се надоградуваат подоцнежните историско-уметнички истражувања на уметноста на 19 век и Преродбата, рече Канческа-Милевска.

Потенцира дека во монографијата академик Грозданов се посветува внимание и на поновата историја на манастирот која на пошироките кругови на читатели, но и на експертите, им е малку позната, особено настаните кои што се одвиваат околу манастирот по првата светска војна.

Според Канческа-Милевска оваа монографија остава силен впечаток дека авторот остварил големо дело кое се вбројува меѓу капиталните дела посветени на културата и уметноста на Македонија и Македонската црква од 18 и 19 век.

- Уверена сум дека и ова издание за манастирот „Свети Наум“ за сите следни генерации, за македонската култура, за македонската држава ќе остане како трајно пишано сведоштво за богатото културно наследство кое го поседуваме како земја, документ за нашето историско траење од кој младите генерации ќе црпат многубројни сознанија, додаде Канческа-Милевска.

Промотивна реч одржа претседателот на МАНУ, ​академик Владо Камбовски, кој рече дека со делото на академик Грозданов во нашата наука се овековечува Светинаумовиот манастир и култот на светијата, и кое, според него, станува вонвременско како и предметот на кој е посветено.

- Неговото дело мора да е едно од чудата на Св.Наум. Толкав истражувачки напор, таква творечка имагинација и таква умна проникливост во неговото составување, бездруго морале да бидат вдахновени со некоја неразбирлива натчовечка сила, што блеснува мигновено и неповторливо и тешко може да се претвори во плански обновуван потфат. Такви книги се пишуваат само еднаш во творечкиот век на човекот, истакна Камбовски.

Посочи дека делото е доказ оти е жива вербата во нашите духовни стожери, дека е жив Св.Наум. 

- Им препорачувам да ја прочитаат сите што не можат да одат во манастирот Св.Наум и таму да побараат смирение за својот немир и утеха во надежта дека постои духовна сила што го држи запалено родното огнило, за да го пренесе на генерациите што доаѓаат по нас, подготвувајќи ги за соочување со еден нов и неизвесен свет, додаде Камбовски.

Грозданов рече дека во книгата ги регистрирал сите ликови кои се насликани во фреско техника и иконопис во Свети Наум, во сите три фази од 16, 18 и преминот од 18 во 19 век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...