Соработка на земјите од балканската рута за бегалската криза

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Заедничките предизивици за Македонија и за Хрватска, но и за регионот во однос на мигрантско-бегалската криза како сериозен проблем и изнаоѓањето заеднички решенија и помош од сите надлежни во ЕУ, била темата на денешната средба на македонскиот и хрватскиот министер за внатрешни работи во Скопје, Оливер Спасовски и Ранко Остојиќ.



Во однос на најавените закани по безбедноста од страна на Исламската држава за Република Македонија, како и за повеќе други земји од регионот, министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека МВР ги следи сите активности и информации.

- Имаме превентивно подигнато ниво на безбедност за да им обезбедиме сигурност на граѓаните на РМ. Во тој правец МВР интензивно ќе продолжи да соработува со сите други министерства за да можеме превентивно да делуваме за сите можни ризици, рече Спасовски.

За регистрацијата на бегалците, како исклучително важна тема, министерот Остојиќ посочи дека сите земји низ кои поминува западнобалканската рута се членки на Интерпол. Во тој сегмент, истакна, едно од решенијата кое било предложено, е не само да се следи трасата на движење, туку да може заеднички да се реагира доколку се покаже дека во било која евиденција некое лице се појавува како сомнително.

- Досега работевме секој за себе. Потребна е заедничка соработка и затоа еден модел кој го предложивме како тема на заеднички состанок, е Хрватска, која има можност, да ги обезбеди за Македонија  сите уреди поврзани со базата кои се потребни за таква регистрација, ако така се договориме и со Грција, појасни хрватскиот министер за внатрешни работи.  

Министерот Спасовски истакна дека процентот на регистрација во РМ од 20. ноември е зголемен, но, подвлече, неопходно е во однос на регистрирањето и можност за размена на информации. Тој потсети дека после случувањата во Париз по барање упатено до МВР и извршените истраги, евидентирано е дека поминале 4 лица со исто име и презими, но, потенцира, не може да биде потврден идентитетот дали се тоа луѓето кои учествувле во такви активности.

- Сакаме во РМ да имаме земање биометриски податоци кои ќе бидат умрежани со сите држави од регионот и на тој начин да имаме квалитетна регистрација за тоа кое лице поминало низ територијата на РМ, порача Спасовски.

Хрватскиот министер за внатрешни работи посочувајќи дека е тешко да се прецизира кои се лицата кои имаат право на меѓународна заштита, информира дека денеска попладне на видео-конференција на која ќе има претставници од сите земји кои се на западнобаланската рута, заеднички ќе биде побарано на сите можни состаноци јасно да се дефинира и да се профилираат лицата за да се избегнат инцидентите на границите. 

- Ниту Хрватска, ниту Македонија не можат да зависат од тоа  дали се лоши временските прилики во Егејското море. Мораме да се залагаме за заеднички кавалитетни решенија. Хрватска е подготвена директно да и помогне на Македонија како со совети како да се решат прашањата за кампови, така и со опремување на времените прифатилишта. Како членка на ЕУ ќе се заложиме за квалитетно финансирање за сите оние земји кои ги имаат на рутата. Тоа ниту една земја не го може сама и тој терет мора заеднички да биде распореден, беше дециден Остојиќ.

За можноста за поставување мисија на ФРОНТЕКС на македонско-грчката граница, според хрватскиот министер за внатрешни работи, е сериозна тема за која треба да се разговара. Но тие, подвлече Остојиќ, не можат да направат чудо без координација и соработка со земјите односно националните полиции. Во таа насока информира дека ФРОНТЕКС веќе една година се наоѓаат на хрватските граници.  

Министерот Остојиќ уште еднаш ја потврди поддршката од Хрватска за евроатлантските интеграции за Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...