ИРИ: Институцијата Претседател оценета како најчесна и со најголема доверба

Скопје, 27 ноември 2015 (МИА) - Македонските граѓани оценуваат дека институцијата Претседател на Република Македонија е најчесна и ја рангираат како последна на скалата за корумпираност, покажува најновата анкета на ИРИ.

На прашањето, до кој степен сметате дека постои корупција во наведените институции, најголем дел од испитаниците ја оцениле институцијата Претседател како некорумпирана.  По Претседателот, според граѓаните, најмалку корумпиран е граѓанскиот сектор, потоа следи Собранието и Катастарот за недвижнини.

Најкорумпирани, според македонските граѓани се судовите, а потоа следат здравствените институции, царината, образовните институции и медиумите кои испитаниците ги оценуваат високо на скалата на корумпираност.

 


Институцијата Претседател, според анкетата на ИРИ, котира на врвот и по степенот на доверба од страна на граѓаните. На прашањето до кој степен им верувате на институциите во однос на нивните активности во изминативе 12 месеци, 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека му веруваат на Претседателот на државата. Поддршка од граѓаните, со доверба од 32 отсто ужива Владата, потоа следи Катастарот за недвижнини со доверба од 29 отсто од испитаниците, па јавната администрација на која и веруваат 26 отсто од испитаниците.

Најмалку доверба од граѓаните, 15 отсто односно 14 отсто, имаат политичките партии, односно синдикатите.

 


Институцијата Претседател на Република Македонија е и со најголема средна оценка по однос на севкупната работа. На прашањето да дадат оценка од 1 до 5, граѓаните ја оцениле институцијата Претседател на Република Македонија со просечна оценка 2,7, Владата со 2,55 и Собранието 2,31. Граѓаните ја оцениле опозицијата со 2,28, додека медиумите со 2,51.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, меѓу политичките лидери, е со највисоко позитивно мислење кај испитаниците.

Анкетата на ИРИ е спроведена во периодот од 29 септември до 5 октомври годинава, на репрезентативен примерок од 1.106 испитаници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...