Грција ја обвини Македонија за „произволно филтрирање“ на мигранти

Атина, 27 ноември 2015 (МИА) – „Произволно филтрирање“ на мигранти и бегалци кои се обидуваат да влезат во Европа е спротивно на принципите на Европската унија, изјавил грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Тоскас за АФП.

Грчките медиуми ја пренесуваат оваа изјава на Тоскас која „главно се однесува на ситуацијата во Идомени“ на границата меѓу Грција и Македонија каде „стотици мигранти од Ирак, Сомалија, Пакистан и Бангладеш веќе една недела се блокирани бидејќи Скопје на своја територија пушта само државјани на Сирија, Ирак и Авганистан“.

- Своеволни дејствија на одредени земји, изградба на огради кои го попречуваат движењето на овие луѓе, не е во согласност со принципите на Европа. Не можеме да ги спречиме луѓето кои во тешки услови пристигнуваат по море до грчките острови, рекол Тоскас.

Според грчкиот министер, прашањето треба да се третира поинаку, со решавање на проблемите во земјите во близина на воените зони, кои предизвикуваат миграциски текови. Тој ја повика ЕУ да одлучи кој може да доаѓа во Европа, истакнувајќи дека е против „затворање на границите“.

Тоскас нагласил дека Грција не може да ги прими сите бегалци, вклучувајќи ги и оние кои не доаѓаат од конфликтните зони.

- Се согласувам да се вратат мигрантите во земјите кои не се во војна, но прво треба да се склучи договор со тие земји, изјавил грчкиот заменик министер за цивилна заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...