Издадени нови 2.724 потврди на мигранти

Скопје, 27 ноември 2016 (МИА) - Потврди на 2.724 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени во изминатите 24 часа,  а вкупниот број од почетокот на ваквата регистрација во јуни годинава достигна 284.299.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од новоиздадените потврди  1.251 се на лица машки пол, 553 од женски, 704 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 216 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните  од Сирија,1.503,  Авганистан, 777,   Ирак, 442, ....

Во изминатите 24 часа до Секторот  за азил не се  поднесени  барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Досега вкупно се поднесени 80 барања  за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, 53 од државјани на Сирија, од кои 17 за деца, 13 од Авганистан со кои се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил, пак, вчера се евидентирани 20 баратели на азил од кои девет мажи, две  жени, осум  малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита,  десет баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст во изминатото деноноќие на ГП „Табановце“ укажале прва помош на 118 лица и транспорт до болница на едно лице. Во Гевгелија прва помош добиле 525 лица. Поделена е и вода, чоколадно млеко,  пакети со хигиена, бисквити, кебиња, чорапи, кабаници, ...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...