Приведен скопјанец осомничен дека е припадник на ИД

Скопје, 27 ноември 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи го приведе С.Р.(21) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според сознанијата, соопшти денеска МВР, пријавениот бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, а додека пак второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври минатата година. Пријавениот, се наведува во соопштението, пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на МВР бил лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода.

Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така, се потсетува во соопштението од МВР, беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во странска војска надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа.

Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...