Ванхауте не дојде на седницата на Анкетната за прислушувањето

Скопје, 27 ноември 2015 (МИА) - Анкетната комисија за прислушувањето не треба да се девалвира и одлуките на оваа Комисија ќе ги донесуваат нејзините членови, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски на продолжението на седницата на оваа Комисија, на која иако најавен не дојде белгискиот експерт Питер Ванхауте. 

Претседателот на Комисијата Петре Шилегов вчера најави присуство на денешната седница на белгискиот експерт Ванхаует кој, според него, требаше да даде исказ за членот 16 од Деловникот кој се однесува на гласањето на претседателот. 

- Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на нашите членови е дека оваа Анкетна комисија и Собранието ниту сега ниту понатаму не треба да се девалвира. Тука иВанхауте не дојде ма пратеници кои имаат легитимитет од граѓаните и за одлуките на оваа Комисија за Деловникот, за сите понатамошни норми што треба да ги усогласиме не ни се потребни странци за да можеме да одлучиме, рече Милошоски.

Ако вие како СДСМ, додаде Милошоски, имате потреба уште од еден глас или од еден советник, ако не ви е доволна службата на Собранието, нашите правници, ако не ви се доволо јасни одредбите за одлучување и функционирање во Собранието може да повикате кого сакате, но одлуките на оваа Комисијата ќе ги донесуваат членовите без да дозволиме кој било не член на оваа Комисија да гласа на истата. 

Претседателот на Комисијата Шилегов рече дека Ванхауте не дошол на седницата поради тоа што го известил дека во текот на вчерашниот ден и денеска е постигнат напредок во спорните прашања од Деловникот за работа на Комисијата.  Ванхауте, според Шилегов, не присуствува на седницата на негово барање, но доколку не биде постигнат договор за гласањето на претседателот, што е најспорно во Деловникот, ќе го извести. 

- Дојде до значителен напредок во усогласувањето на ставовите во врска со Деловникот и бидејќи е потребен уште еден извесен период за да ги надминеме разликите за содржината на деловникот помеѓу пратеничките групи се јави потреба од дополнително време, рече Шилегов кој ја одложи седницата за понеделник.

Според Милошоски, добро е што претседателот на Комисијата прифатил координативни средби и веќе има комуникација со пратеничките групи што верува дека ќе донесе плод и подобро усогласување на деловничките норми.

Шилегов одговарајќи на прашање на Милошоски, рече дека примерот од словачкиот Парламент за гласањето на претседателот ќе го достави писмено до него.  

Тој ја затвори седницата откако објави дека продолжението е во понеделник без да даде можност за збор или за процедурална забелешка. Сепак, Милошоски зеде збор и укажа дека не треба да се девалвира работата на Комисијата.  

Ставовите меѓу пратениците за суштинските разлики се приближени, но се уште не е постигнат компромис. Спорно беше гласањето на претседателот на Комисијата. „Комисијата одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови што е во согласност со одлуката за основање. Претседателот гласа последен. Во случај на поделба на гласовите одлучувачки е гласот на претседателот. Член на комисија кој не се согласува со усвоената одлука може да издвои свое мислење и има право да бара неговото мислење да влезе во записник, стои во предлог-членот, е предвидено во Предлог-Деловникот.

Суштински разлики има и за членот 1 кој се однесува на тоа врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...