Берто: ЕУ не може да им се меша на Македонија и Србија за економските мигранти

Брисел, 27 ноември 2015 (МИА) - Европската комисија денеска призна дека Европската унија не може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија и на Србија во однос на (не)прифаќањето на мигрантите што во огромен број доаѓаат на нивните грании, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролката на Еврокомисијата задолжена за миграциски прашања, Наташа Берто, запрашана на прес-конференција како Брисел гледа на забраната за влез на сопствена територија на економски мигранти, што веќе една недела ја спроведуваат Македонија и Србија, одговори дека ЕУ нема надлежност за одлуките на овие две земји.
 
- Европската агеција за граници “Фронтекс” оперира само во Европската унија и во рамки на земјите-членки на ЕУ. Трети земји како овие две (н.з. Македонија и Србија), ние не можеме да регулираме како тие можат да враќаат економски мигранти на друга територија, истакна Берто.
 
Со овој став на гласноговорничката, неформалната Влада на ЕУ даде до знаење дека селектирањето што македонските и српските погранични служби го имаат во однос на мигрантите, односно пропуштање само на лица од Сирија, Ирак и Авганистан (територии зафатени од воен виор) е на еден начин премолчено одобрено од страна на Брисел. Ова посебно што и Хрватска и Словениja го прават истото, а двете се членки на Европската унија, додека Словенците се и во рамки на Шенген-зоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...