Хрватскиот славист Дарко Гашпаровиќ добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година

Охрид, 27 ноември 2015 (МИА) - Истакнатиот хрватски славист, дописен член на хрватската Акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог со меѓународно реноме и светски познат екуменист Дарко Гашпаровиќ е добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година што по десетти пат ја доделува охридската Академија на хуманизам.

Седумчленото интернационално жири предводено од ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, изрази задоволство што со доделувањето на наградата на Гашпаровиќ Македонија, целокупниот словенски свет, како и сета меѓународна јавност следната година ќе ја одбележат илјада и сто годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основачот на првиот словенски универзитет и ученик на Светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитиници на Европа.

Наградата на лауреатот традиционално ќе му биде доделена за време на празнувањето на Водици идната година, во 2016 година.

Предвидено е во исто време кај Долна порта во Охрид на 19 јануари да биде промовиран и  проектот „Охрид - град на светскиот хуманизам” на академик Светлин Русев од Бугарија, кој е и еден од досегашните добитници на ова високо светско признание.

Претходни лауреати на Светската награда за хуманизам беа Даисаку Икеда од Јапонија, Маноел де Оливеира од Португалија, Александар Солженицин од Русија, Рави Шанкар од Индија, Питер Брук од Велика Британија, Вида Огњеновиќ од Србија, Херта Милер од Германија, Светлин Русев од Бугарија и Џон Ралстон Сол од Канада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...