Градинката во Пехчево во функција на борбата против климатските промени

Пехчево, 27 номеври 2015 (МИА) - Градинката „7 Септември“ ќе штеди енергија и пари, но го намали влијанието на штетни гасови преку изградбата на нова котларница и инсталирање две печки на пелети, наменети за затоплување на градинката.
 
Гордана Вазлиска, директор на детската градинка „7 Септемри“ во  Пехчево истакна дека како корисник на овој проект, детската градинка има голем бенефит.
 
- Прво, имаме заштеда на финансии, а имаме и намалување на штетните гасови во околината. Според пресметките, очекуваме да имаме околу 5 тона намалување на штетните гасови, а со греењето на пелети, наместо со нафта ќе заштедиме околу 5 илјади долари годишно, рече Вазлиска.
 
Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски потенцираше дека ова е голем бенефит и за општината и за детската градинка.
 
- Успеваме преку овој проект да го замениме претходно дотраениот  котел кој користеше како енергенс нафта. Ние долго време баравме начини како да влеземе во оваа инвестиција, па сега сме задоволни што во соработка со донаторите решивме еден голем проблем за градинката, рече Поповски.
 
Денеска во Пехчево беа презентирани резултатите од проектот  „Намалување на СО2 и заштеда на финансии преку замена на фосилно гориво со обновливи извори а енергија“. Вредноста на проектот е околу 49 илјади долари, од кои со 20 илјади долари е поддржан од Глобалниот еколошки фонд , а останатите средства се од Здружението „Амброзија“ и Општина Пехчево.
 
Ирена Кракутовска, НВО „Амброзија“ рече дека целта зацртана во проектот е постигната. – Проектот го работевеме една година и преку него овозмоѓивме фосилното гориво да го замениме со два котли кои како енергенс користат обновливи извори на енергија или пелети со моќност од по 10 кв, а другиот аспект е зголемување на јавната свест и кај вработените, но и кај најмладите, рече Кракутовска.
 
Глобалниот еколошки фонд во земјава преку Програмата за мали грантови инвестира во проекти во земјава веќе 10 години. Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ потецираше дека овој период исклучиво работеле со невладини организации.
 
- Во Македонија се направени 100 проекти и се инвестирани околу 2 милиони долари. Проектите кои се поддржани се најголем број од областа на биодиверзитетот, односно заштита на билошката разновиднст, како на пример заштита на кравата буша, овцата праменка, македонската речна пастрамка, автохтоната пчела, шарпланинецот..., а исто така, сакам да потенцирам дека другиот вид проекти кои ги поддржуваме се од областа на намалувањето на влијанието на климатските промени, рече Самарџиев.
 
Според  последните најави, Програмата на мали грантови на ГЕФ во Македонија ќе биде присутна до 2018 година за што се предвидени околу 400 илјади долари, средства наменети за проекти на НВО сектор и Општините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...