Во Крива Паланка трибина за превенција од зависности

Крива Паланка, 28 ноемрви 2015, (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка синоќа организираше трибина за превенција од зависноти која претставува завршна активност од проектот „Превенција од болести на зависности кај младите“.
 
Петставени беа активностите реализирани во рамки на проектот, но и активностите на институциите во оваа насока, а се идентификуваа и потенцијалните партнери за идни иницијативи. 
 
- Главни носители на активностите од проектот и неговата имплементација беа младите волонтери кои реализираа 16 едукативни работилници наменети за учениците од повисоките класови од сите основни и подрачни училишта на територијата на Крива Паланка и Ранковце како и во средното училиште, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
 
Со трибината, додаде Пешовски, се заокружува овој, според него, проектот што воедно  е поттик и во иднина да се работи на ова поле.

Едукацијата опфати 345 ученици од средното и основните училишта.

- Целта беше да се подигне јавната свест и едуцираност на учениците на поинакво ниво, ниво на рано препознавање на девијантните појави и нивно искоренување, рече Пешовски.
 
На трибината стручните предавачи ја потенцираа штетноста од алкохолот, цигарите и дрогата, и укажаа на начините за заштита од овие пороци. 
 
Присутни беа претставници од локалните самоуправи на Ранковце и Крива Паланка, релевантните институции, Меѓуопштински центар за социјални работи, МВР, Здравствен дом „Димитар Арсов“, Домот за ученици „Боро Менков“, претставници на граѓански здруженија, родители.
 
Активностите од проектот се реализираа од 22 септември до 10 ноември годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...