Македонија формира коридор за заштита и помош

Скопје, 28 ноември 2015 (МИА) - Врз основа на предлог и известување на групата за проценка на ризици со која претседава директорката на ЦУК Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од Националниот совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички меркин за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.



Оваа одлука подразбира да се преземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канзализирање на протокот на бегалците што вклучува и подигнување заштитна ограда на границата, велат од Владата и потенцираат дека границата ќе остане отворена. 

- Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.

На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување.

- Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици, истакнуваат од Владата на Република Макаедонија.

Во управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров, кој е и претседател, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Зоран Јолевски, Оливер Спасовски и Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни Митко Чавков, како и претставници од Владата, кабинетот на премиерот, АРМ и други институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...