Соработка на општина Чешиново Облешево со градот Болдести Чаени од Романија

Кочани, 28 ноември 2015 (МИА) - Во општина Чешиново Облешево денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу оваа општина и општината Болдести Чаени од Романија. Меморандумот го потпишаа градоначалниците Костадин Личков и Константин Бакуроиу.
 
- Соработката со романската општина  Болдести Чаени за нас ќе значи многу. Ќе ги користиме искуствата во делот на подготовка на проекти финансирани од Европската унија, а ќе соработуваме и на економски, културен и спортски план. Очекувам збратимувањето со оваа општина  да биде потпишано на 5 јуни наредната година на денот на нивната општина, истакна градоначалник на општина Чешиново Облешево, Костадин Личков.
 
Градоначалникот на Болдести Чаени, Константин Бакуроиу очекува соработката меѓу двете општини да се одвива на економски, културен и спортски план, со зближување на економиите од  двете општини и регионот пошироко. Тој ја најави подршката што неговата општина ја има од ромската Влада ја проширување на соработката со општина во Република Македонија.
 
Гостите од Романија со домаќините ги посетија културно историските знаменитости во облешевскиот крај, како и неколку стопански капацитети за преработка на ориз, печурки и други градинарски производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...