Македонската полиција под удар на економските имигранти

Скопје, 28 ноември 2015 (МИА) - Група лица кои се водат како економски мигранти, односно мигранти кои согласно одлуките на европските земји и земјите од балканската рута не се пропуштаат за влез во Македонија, денеска со употреба на насилство се однесувала кон македонската полиција која физички согласно уставот и законите ја обезбедува јужната државна граница.



Овие насилници кои доаѓаат од и се наоѓаат на грчка територија, фрлале со камења врз македонските полицајци и се обиделе директно и одблиску да ја нападнат полицијата со употреба на разни предмети.

Според првичните информации од теренот, при овој облик на насилство од страна на лица од другата страна на границата, полесно се повредени неколку македонски полицајци. Од страна на лекарски екипи на Министерството за здравство е укажана прва помош на тројца припадници на безбедносните сили.

Зачудени сме од овој изблик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, вели висок извор од Владата.

Акцентираме дека наше право и должност е да ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните на Република Македонија, но и да помогнеме на нашите пријатели од Европската Унија. Хуманоста и безбедноста не може да се попречуваат една со друга, туку одат заедно. Ние сме и за хуманост и за безбедност и така ќе продолжиме да се однесуваме, додаваат од Владата.

Експерти од областа на безбедноста за МИА оценуваат дека не е исклучено оти овие облици на насилство можат да бидат мотивирани од провокатори помеѓу мигрантите кои имаат скриена и сомнителна агенда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...