Тодоров: Ние сме и за хуманост и за безбедност

Гевгелија, 28 ноември 2015 (МИА) -  Нашите безбедносни сили имаат уставно право и обврска да ја чуваат и штитат границата и тоа многу успешно го работат, како што и хумано се однесуваат кон мигрантите. Хуманоста и безбедноста не се двојат, тие одат заедно, рече министерот за здравство Никола Тодоров во врска со инцидентот што денеска беше предизвикан од страна на економските мигранти кои се уште се држат на грчка територија.

Тодоров попладнево во улога на раководител на Управувачкиот комитет за менаџирање со бегалци имаше состанок во Гевгелија, придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Во изјава за медиумите тој потврди дека полесно биле повредени неколку припадници на безбедносните сили.

- Со поставување ограда на јужната граница со Грција денеска почна операционализацијата на заклучоците на Националниот совет за безбедност запреземање техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради нивна регистрација и хуман третман во земјава. Со активностите што ги почнавме денеска ние им помагаме на мигрантите, но и на Европа подобро да се органиизра и канализира и во различни форми да се стеснува и организира рутата низ која минуваат низ нашата земја, заради зголемување на безбедноста наша, но и на мигрантите и да се минимизираат безбедносните ризици, рече Тодоров.

Посочи дека границата останува отворена и понатаму и дека денеска протокот на мигранти од подрачјата со воени дејства (Сирија, Авганистан и Ирак) бил вообичаен и течел без проблеми од нивното доаѓање во кампот до ниво заминување кон север.

По состанокот делегацијата замина на местото каде се одвиваат работите за поставување на оградата и на медицинските пунктови и другите служби во Привремениот транзитен центар за мигранти во Гевгелија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...