„Човекот кој не сакаше да умре” на фестивал во Будимпешта

Скопје, 29 ноември 2015 (МИА) - Краткиот анимиран филм „Човекот кој не сакаше да умре” во режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 13. Фестивал за анимирани филмови „Анилог” во Будимпешта. Проекцијата е во киносалата „Уранија“, најголема во унгарската престолнина.

Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка, Никола Ацески, Милан Тоциновски и Драгана Левенска, а музиката е компонирана од Били Гулд, басист на рок-метал групата „Феит но Мор“ (Faith No More). 

Филмот на Цветановски светската премиера ја имаше во Италија, а  гостуваше и во Бразил, Србија, Полска и Македонија.  Добитник е на наградата за најдобра анимација на фестивалот за хорор и фантастика „Хризантема“ во Србија. Во декември филмот ќе биде прикажан и на фестивалот „Аниматека“ во Љубљана.

„Човекот кој не сакаше да умре” е во продукција на Фх3х студио, а поддржан е од Агенцијата за филм на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...