Заклетва на новата група волонтери на Мировен корпус

Скопје, 30 ноември 2015 (МИА) - Новата група американски волонтери кои пристигнаа во Македонија во септември годинава, на 4 декември ќе дадат свечена заклетва пред амбасадорот на САД Џес Л. Бејли.

Новите 41 волонтер се приклучуваат на повеќе од 500 волонтери кои служеле во Македонија од 1996 до денес. Ова е дваесетта група волонтери што ќе служи  во Македонија. Волонтерите на Мировниот корпус во моментов служат во 64 земји, а нивниот број е над 6.800.

Волонтерите ја даваат заклетвата по успешното завршување на интензивната, единаесетнеделна обука која вклучува изучување на македонскиот и на албанскиот јазик, културата и традицијата во Македонија, како и стручна подготовка за натамошната работа во земјава. По давањето свечена заклетва, волонтерите на Мировен корпус почнуваат со нивната  двегодишна работа во заедници низ Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...