Почнува 8. „Скопје постер фестивал“ - Плакарт

Скопје, 30 ноември 2015 (МИА) - Со изложба на 100 најдобри дела на студенти финалисти на Меѓународниот студентски конкурс за плакат на тема „Сите за луѓето со хендикеп“, вечер во Младинскиот културен центар ќе биде отворен 8. „Скопје постер фестивал“ - Плакарт. На конкурсот пристигнале 2.674 трудови од 1.869 студенти од 52 земји.

Во рамки на Фестивалот вечер ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени награди.

Лазе Трипков, претседател на НВО Плакарт, која го организира Фестивалот, денеска на прес-конференција рече дека главен фокус е ставен на теми кои имаат социјален карактер заради тоа што тие сметаат дека социјалниот дизајн е една од најбитните категории со кои општеството ќе се занимава во иднина бидејќи темите ги опфаќаат сите потреби на луѓето од целиот свет.

Посочи дека „Скопје постер фестивал“ организира Меѓународен студентски конкурс заради потребите на инвалидите поради тоа што од одредени истражувања детектирале дека луѓето со хендикеп не се доволно перцепирани односно не се доволно регистрирани нивните потреби за да може да се реализираат од аспект на решавање на одредени проблеми.

- Најголемиот проблем кој го локализиравме е токму поврзувањето на хендикепот со инвалидитетот. Не се само хендикепирани луѓето кои имаат параплегија или се во инвалидска количка, туку и останатите кои имаат проблеми со видот, слушањето... Затоа ја наметнавме темата како дискусија за да прибереме одредени ставови и размислувања од страна на студентите бидејќи нивната идеја е многу продорна и јасна во однос на комуникацијата, што не содржи влијанија од надвор, рече Трипков.

Од оваа година, појасни, првпат студентите може да си отворат свој профил на нашата веб страна, што значи дека со помош на „Скопје постер фестивал“ може да воспостават дата база и ќе можат да работат во консултација со одредени дизајнери.

Додаде дека на 2 декември ќе се одржи и дискусија со дизајнерите на која секој студент може да донесе портфолио и да го дискутира заедно со нив.

Ласко Џуровски, познат македонски графички дизајнер и типограф истакна дека станува збор за дела кои испраќаат јасни пораки во однос на темата која не засега сите.

- Она што го добивме како материјал за разгледување или учество на овој Фестивал засега дискусии кои ќе придонесат за едно поинакво гледање и однос кон луѓето со хендикеп, рече Џуровски.

Познатиот рускиот дизајнер Петер Банков, кој моментално работи и твори во Чешка, рече дека трудовите кои ги видел се многу остроумни, внимателни и деликатни и со точна претстава ја имаат дадено проблематиката кои ги следи овие луѓе. Овие трудови, посочи, прикажуваат еден многу грижлив однос кон луѓето со хендикеп.

По отворањето на Фестивалот и прогласувањето на победниците вечер ќе се одржи и изложба на дела од победниците од 7. Меѓународен студентски конкурс за плакат „Дизајн за мир“.

Во рамки на Фестивалот, кој ќе заврши на 5 декември, ќе се одржат и работилници со мајсторите на дизајнот Петер Банков, Петер Поч, Паула Трокслер, Гец Грамлиш и Ласко Џуровски, како и изложба на плакати на членовите на жири комисијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...