Полицијата поднесе кривична пријава за двајца велешани за тешка кражба во адвокатска канцеларија

Велес, 30 ноември 2015 (МИА) - СВР - Велес поднесе кривична пријава против 52 годишниот  В.Т.  и  46 годишниот Ј.К.  двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека во сабота спроти недела вечер во текот на ноќта заедно сториле кривично дело „тешка кражба“ од адвокатска канцеларија во Велес, при што причиниле вкупна материјална штета од околу 250 илјади денари.
 
Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, осомничените во текот на ноќта на 29 ноември годинава  со подесен клуч ја отклучиле влезната блиндор врата од адвокатската канцеларија лоцирана на улица „Гоце Делчев“ во Велес и откако влегле внатре, со подесен алат насилно го отвориле металниот сеф од каде одзеле околу 3.650 евра, 480 долари, 9.450 денари и други предмети.
 
Повторно со подесен клуч ја заклучиле влезната блиндор врата и го напуштиле лице местото.
 
-Вчера утро околу 5 часот осомничените биле забележани од полициски службеници кои во моментот вршеле служба, и биле лишени се од слобода. При прегледот кај нив биле пронајдени  и одземени повеќе подесни клучеви- калаузи, капи за маскирање- фантомки, ракавици и подесен алат за разбивање (хебли, метална цефка). Исто така, во помошна просторија лоцирана на улица „Страшо Пинџур“ во Велес, односно местото каде едниот од сега пријавените се
криел, пронајдени се и сите банкноти кои претходно се одземени од адвокатската канцеларија, информира Стојковска.
 
Пријавените со кривичната пријава во текот на вчерашниот ден веднаш се изведени пред надлежен суд и на истите одредена им е мерка притвор во траење од осум дена.
 
Како што информира Стојковска пријавените и се добро познати на полицијата. Тие претходно биле пријавувани за вакви и слични кривични дела и им се изрекувани повеќе затворски казни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...