Во тек е истрагата за индициите за фалсификувани лични карти

Скопје, 30 ноември 20215 (МИА) - Во МВР се работи врз основа на наредбите од јавниот обвинител на РМ. Истрагата е во тек, а првичното вештачењето е завршено што се однесува на тоа дека хартијата на печатените материјали е фалсификат. Откриено е дека од тие 105 лични карти, на 90 луѓе им е украден иденетитетот. Се однесуваат за Куманово, Кичево, Штип, Гостивар, Скопје и итн. 

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето пратеникот Александар Николовски од ВМРО - ДПМНЕ во врска со фалсификуваните лични карти, повикувајќи се на пишувањата на неделникот „Фокус“, кога ќе заврши истрагата за да се тргне сомнежот во јавноста во однос на меѓу другото можни манипулации за изминатите и за потенцијални манипулации за следни избори.

- Врз основа на наредба на Јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика, кои го имаат Избирачкиот список за да видиме дали тие биле воопшто употребени и дали  се користени за некои други цели. Најважно од се е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал овие лични карти, зошто ги фалсификувал, дали  и за што биле употребени, по чија наредба биле правени. Тоа е добро не само за вас, туку за РМ за да видиме дали има некој што фалсификува лични карти или други некакви документи, со цел граѓаните да имаат сигурност во овој дел, рече Спасовски. 

Посочувајќи оти истрагата е отворена, според Спасовски, прва и основна работа е дека ја води ЈО на РМ согласно законските прописи, а не МВР. Тој подвлече дека било пријавено во МВР оти постои индиција за фалсификувани лични карти поточно 105 примероци. Веднаш, информира Спасовски, пријавителот бил примен од директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, кој не е променет, туку е истиот директор од претходниот министер за внатрешни работи, рече, а предметот е даден во одделот за оргнизиран криминал каде што началник е Зоран Глигоров, назначен од претходниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

- Очекувам енергично да се води истрагата и во однос на овој и на други процеси заедно со ЈО и очекувам да видам и началниците на оние оддели кои ги споменав, оние кои што работат  во овој дел, професионално да си ја завршат работатат. Имаше најава дека тоа може да се заврши во рок од пет дена од поранешниоот министер и тоа врз основа на резултатите од овие началници, кои и денес работат. Кога ќе биде завршена целосната истрага и ќе има резултати кој го направил, зошто и како, ќе биде информирана македонската јавност и на тој начин да се стави точка на тоа прашања, рече Спасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...