МВР Билтен

Скопје, 30 ноември 2015 (МИА) - Во Полициската станица во Битола вчера во 02.30 часот, Љ.А.(43) од Битола пријавил дека во временскиот период од 21.15 часот на  28.11.2015 година до 02.10 часот на 29.11.2015 година непознат сторител извршил кражба во неговиот дом.

Како што денеска соопшти МВР, сторителот во неговата куќа влегол преку прозорецот од детската соба, извршил пребарување и одзел 100 евра, 296.000 денари, златен женски ланец и паричник во кој имало 20.000 денари, лична карта, виза кредитна картичка од Стопанска банка - Битола на име О.А. и клуч од сеф од Стопанска Банка Битола. Увид извршила ОКТУПА при СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање  на сторителот.

Во Тетово кај претоварната станица на старата пруга на релацијата Тетово - Скопје, вчера околу  16.00 часот  од страна на инспектор од ОКП - СВР Тетово било пронајдено патничлко моторно возило „Мерцедес“ без рег.ознаки, слетано од коловозот, со отклучени врати и со видливи оштетувања на каросеријата и стаклата. Од извршените проверки констатирано е дека сопственик на возилото е М.К.(49) од Тетово, кој е на времена работа во странство. Пронајден е негов роднина, кој повремено ја надгледува куќата и во негово присуство констатирано е дека во периодот од една седмица наназад непознат сторител влегол во куќата на М.К., извршил претурање низ просториите во приземниот дел и катот од куќата каде ги пронашол клучевите од возилото, влегол во гаражата каде било паркирано, го одзел  и го напуштил местото. СВР Тетово превзема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Во полициската станица Центар вчера во 17.10 часот А.Д.(23) од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 02.30 часот во Скопје на бул.„Кочо Рацин“ на автобуската постојка три непознати машки лица физички ја нападнале. Лицата излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница  во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на  левата страна на главата.  Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

На 29.11.2015 година во 05.30 часот во ПС-Виница од Медицинскиот центар-Виница било пријавено дека кај нив била донесена М.П.(62) од Виница која имала тешки телесни повреди во пределот на главата, по што е пренесена во КЦ-Штип, каде дополнително е утврдено дека се здобила со фрактура на череп со нагмечување на мозокот и крварење, и се наоѓа во животна опасност. Имено, околу 03.45 часот М.П. слушнала тропање на приземјето од нејзината куќа каде што спиела, станала и во тоалетот затекнала непознато машко лице кое излегло во ходникот, по што почнала да вика и во тој момент се разбудила нејзината снаа В.Т. Го прашале зошто неповикан влегол во куќата, М.П. го истуркала надвор, по што непознатото лице се упатило пеш по улицата. М.П. и В.Т. со патничко моторно возило тргнале по него и заклучиле дека се работи за нивен седумнаесетгодишен сосед , се упатиле кон него и го прашале за причините за влегувањето кај нив дома, по што тој  ја турнал М.П. која паднала на тротоарот пред надворешната порта од неговата семејна куќа и се здобила со повреди. Со возило на ИМП била пренесена во Медицинскиот центар. Седумнаесетгодишникот е приведен во ПС-Виница, извршен е разговор со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во кумановското село Ваксинце вчера околу 16.00 часот во куќа сопственост на Р.Р., кој е на привремена работа во Швајцарија, по претходна пријава, од страна на ПС од ПО-Матејче биле пронајдени 42 мигранти, меѓу кои 7 малолетници, од Сирија, Пакистан, Иран и други држави кои илегално влегле во Р.Македонија. Мигрантите насилно влегле во куќата на Р.Р. Упатени се служби од СВР-Куманово за преземање на мерки и мигрантите се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

На 28.11.2015 година, во времето од 16.40 до 18.30 часот, во Скопје непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во станот на Х.Н.(35) од Скопје, при што одзел 170 евра, 3.000 денари, два лап топ компјутери, два рачни часовници и златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

На 28.11.2015 година, во времето од 13.00 до 20.00 часот, во Скопје непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата на Д.Ф.(50), при што одзел златен и сребрен накит и рачен часовник, во вкупна вредност од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(22) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. Пријавениот заедно со непознато лице на 09.11.2015 година на бензинската пумпа „Сателит“ во Куманово со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над В.Н.(34), при што му одзеле мобилен телефон.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(19) и седумнаесетгодишен малолетник, двајцата од Куманово, и С.Г.(19) од Скопје,поради постоење основано сомнение дека сториле седум кривични дела „тешка кражба“, од кои четири во обид. Пријавените во временскиот период од 30.08.2015 година до 24.10.2015 година, со употреба на физичка сила и подесен алат извршиле три тешки кражби од паркирани товарни возила, при што одзеле 60 литри дизел гориво и 15 литри бензин стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.000 денари, а на ист начин се обиделе да одземат акумулатор и гориво од паркирани две товарни и две патнички возила.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ј.(56) од Охрид, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 18.11.2015 година, околу 10.30 часот, во Охрид,  додека Г.М.(42) од Охрид се движела пеш, пријавениот застанал со патничко возило „мерцедес“ и со употреба на физичка сила насилно ја внел во возилото, по што ја однел во канцелариите на фирмата „Триус“-Охрид, каде физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(40) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“. Пријавениот, на 29.08.2015 година, во Куманово на автобуската постојка во близина на ЈЗУ општа болница Куманово без повод и причина почнал да го навредува Н.С.(40) од с.Долно Којнаре, а потоа и физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“. Пријавениот, на 13.11.2015 година, во 02,20 часот, во кафе барот на бензинската пумпа „Детоил“ во с.Доброшане-Кумановско, започнал вербална расправија со непознато лице-гостин во кафе барот, кој сакал физички да го нападне, а бил спречен од страна на вработените. По ова, пријавениот се вратил во објектот и со дрвен предмет ги нападнал вработените на бензинската пумпа Д.С.(33), Ч.С.(43) и гостите Д.С.(35), В.С.(22), М.М.(29) и Д.П.(24), нанесувајќи им телесни повреди, а го оштетил и инвентарот во објектот, како  и едно патничко возило „голф“ сопственост на Д.С.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(45) од с.Алдинци-Крушево, раководител на поштенски сообраќај во АД „Македонска Пошта“ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во текот на март и април 2014 година, на бензинските пумпи на АД „Макпетрол“ користел картички „верна“ одобрени за патнички возила „шкода“ и „фолксваген“, двете сопственост на АД „Македонска Пошта“, кои во наведениот период биле во неисправна состојба и се наоѓале во авто-сервис, а пријавениот точел гориво во моторни возила кои не се во сопственост на АД „Македонска Пошта“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 49.502 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.З.(43) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, во почетокот на октомври 2015 година изготвил фалсификувана исправа-потврда за возило на моторен погон на барање од А.О.(49) од Скопје, да изврши пренамена на товарно возило „МАН“ за износ од 4.000 денари. На 06.10.2015 година, фалсификуваната исправа била приложена како доказ во Станицата за технички преглед во Куманово и на товарното возило била извршена пренамена.

РЦ за ГР Север поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин С.Е.(26) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, на 23.11.2015 година, околу 01.40 часот, на ГП „Табановце“ приложил фалсификувана албанска патна исправа, а од преземени мерки е утврдено дека во патната исправа извршил замена на четири страници, поради претходно издадена забрана за патување во земјите од ЕУ.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(55) од Гевгелија и Б.Д.(48)  од Струмица, двајцата на издржување казна затовр во КПД Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.05.2015 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во келијата на пријавените во полуотвореното одделение и во шкафот на З.Ш. била пронајдена 15,67 грама наркотична дрога-хероин и 51 таблета „бупренофин“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(21) и Д.А.(27), двајцата од Неготино, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 01.08.2015 година, во 02.50 часот, во дискотека во Охрид од страна на полициски службеници биле затекнати пријавените во друштво со Д.С.(23) од Неготино и Б.В.(23) од Прилеп, а при извршен преглед се пронајдени 0,62 грама наркотична дрога марихуана и три таблети „МДМА“. Од преземени мерки е утврдено дека Н.П. му овозможил на Д.А. да консумира од екстазите, додека пак Д.А. им овозможил да уживаат марихуана на Д.С. и Б.В.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(27) од Велес поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари“. На 23.06.2015 година, пријавениот со намера да размени за денари пуштил во оптек две фалсификувани банкноти од по 50 евра во пиљарата ТП „Вел Ком Сандар“-Велес, сопственост на Р.В., кој откако забележал дека банкнотите се фалсификувани пријавил во полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(41) од Куманово, управител на ДПТУ „Линда 2002“ ДООЕЛ Куманово и против ДПТУ „Линда 2002“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. Пријавениот на девет компјутери поставени во деловниот објект на второпријавениот, лоцирано на ул. „Пролетерски Бригади“ неовластено употребувал нелиценциран заштитен софтвер „Микрософт Виндовс ХП“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...