Дневниот центар „Порака наша“ од Куманово одбележа 9 години од постоењето

Куманово, 30 ноември 2015 (МИА) - Корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, над 18 години,„Порака Наша“, стручниот тим и семејствата на корисниците, денеска одбележаа девет години од постоењето.
 
По тој повод, корисниците на услугите на „Порака Наша“ пред кумановската јавност во Уметничката галерија  презентираа рачни изработки изработени од рециклирани производи, кулинарски вештини, вештини за шиење и  изработки од дрво кои ги спроведуваат согласно реализираните проекти во Дневниот центар.
 
На свеченоста во Уметничката галерија стручниот тим додели благодарници на преставници на локалната власт во Куманово, како и на приватни компании и волонтери кои изминативе години придонеле за успешно функционирање на Дневниот Центар.
 
- Денеска сакаме да покажаме колку сме напреднале во последниве девет години колку што функционира Дневниот центар,во однос на работата на корисниците на центарот, во однос на развивање на нивните можности и способности, изјави социјалниот работник во дневниот центар,Светлана Милевска Димитриевска, посочувајќи дека се реализираат бројни активности преку кои корисниците стекнуваат одредени вештини за поголема вклученост во заедницата.
 
Според секретарот во здружението Емилија Цветковска, функционирањето на „Порака Наша“ во моментов е на завидно ниво, но, рече, поради бројот на корисниците потребно е отворање дополнителни Дневни центри, иако во градот функционираат два за лица со интелектуална попреченост. Според одредени проценки, додаде Цветковска, на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане има околу 900 лица со пречки во развојот.
 
Градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски, во обраќањето пред присутните рече дека благодарение на луѓето инволвирани во центарот, на тимот и на семејствата, Дневниот центар функционира во облик каков што го има денес и потенцираше оти е потребна уште поголема поддршка од сите чинители, и од  локалната власт и од ресорните министерства за поголема инклузија на лицата со попреченост во заедницата.
 
Во Дневниот центар „Порака Наша“ услугите ги користат 21 лице над 18 години, за кои се грижи стручен тим, составен од социјални работници, педагози, дефектолози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...