„Играј сигурно-СИДА стоп“ трибина на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 1 декември 2015 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска за своите студенти одржа трибина „Играј сигурно- Сида стоп“ беше тема на денешната трибина што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, по повод 1 Декември - Ден за борба против ХИВ/СИДА.

Универзитетскиот професор Вело Марковски од Факултетот за Медицински науки, кој е и специјалист инфектолог истакна дека  е потребно воведување на предмет сексуално образование во средните и основни училишта,како и едукација и на популацијата над 18годишна возраст.

-Мислам дека здравствените работници, но и медиумите издвојуваат многу простор за Сидата и мислам дека популацијата е информирана. Инаку неблагодарно е да се предвидува бројката на заболени со СИДА, затоа што се сметаше порано, а сега е изменето тоа дека на еден регистриран имаме многу повеќе кои не се регистрирани, вели Марковски.

Тој истакна дека според статистичките податоци на прво место во светот по регистрирани случаи на инфицирани од ХИВ и СИДА се хетеросексуалците, потоа доаѓаат хомосексуалците, а на последно интравениозните корисници на опијати.

Меѓу заболените во државата 50 отсто се на возраст од 15-24години.

Според податоците од Центарот за јавно здравје-Штип во првите шест месеци од годинава регистрирани се два нови случаи, од кои едниот со ХИВ вирус, а вториот случај со СИДА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...