Премиерот Груевски во посета на САД на средба со потпретседателот Бајден

Скопје, 11 јануари 2016 (МИА) - Во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави.

Во рамки на посетата, премиерот Груевски во Белата Куќа во Вашингтон ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Се очекува теми на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Од Владата на Република Македонија ги потврдија информациите на МИА.

Ова е втора средба на премиерот Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.

Оваа претстојна средба е значаен чекор во унапредувањето на односите меѓу двете земји.

Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство и остваруваат блиска соработка на политички и економски план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...