Емил Димитриев кандидат за премиер на Владата

Скопје, 14 јануари 2016 (МИА) - Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва искажа целосна поддршка на премиерот и лидер на партија Никола Груевски во врска со чекорите што ги превзема за одржување на предвремени парламентарни избори. Највиското тело на партијата донело одлука за премиер на предвремената Влада да биде предложен генералниот секретар Емил Димитриев.

- Донесовме три заклучоци. Првиот заклучок е дека Централниот комите на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на претседателот на партијата господинот Никола Груевски во постапките и чекорите кои ги превзема за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе едногласна одлука за кандидат за премиер со којшто ќе настапиме на предвремените парламентарни избори да биде господинот Никола Груевски, а кандидат за премиер на Владата којшто ќе треба да ги спроведе предвремените избори ќе биде генералниот секретар на партијата Емил Димитриев, изјави вечерва Илија Димовски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

Димовски истакна дека станува збор за сериозен и одговорен човек којшто својот професионален ангажман досега го има докажано на повеќе позиции.

- Цениме дека  целосно и одговорно ќе ја обавува оваа функција на премиер на Владата којшто ќе спроведе предвремени парламентарни избори, рече Димовски.

Нашата намера, додаде тој, е целосно да го затвориме овој деструктивен и негативен период во Република Македонија и со одржување на предвремените парламентарни избори и да се сконцентрираме на работите коишто граѓаните ги очекуваат од нас, за отворање на нови работни места, нови фабрики, нови странски инвестиции итн.

Димовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ се надева дека нема да има измени во датумите за одржување на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април оваа година.

- Тоа е усогласено и изгласано и е дел од законите на Република Македонија, потенцира Димовски.

Тој смета дека и СДСМ ќе разберат дека огромното мнозинство граѓани на Република Македонија очекуваат да заврши овој негативен период во развојот на Република Македонија, политичките партии да се занимаваат со конструктивна политика која што ќе значи отворање на работни места, подобрување на животниот стандард и тековно решавање на сите проблеми со кои се соочуваат.

- Затоа се надеваме како партија дека ќе преовлада разумот, дека ќе преовлада разумот во СДСМ и дека ќе прифатат да ги реализираат сите обврски коишто се дел и од договорите од јуни/јули 2015 и од законите  а Република Македонија. Останува да видиме  како ќе се развива ситуацијата во следните неколку денови. Но ние сме посветени на целосна реализација на договорите коишто треба да завршат со одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април,  рече Димовски по завршувањето на седниците на Извршниот и Центрланиот комитет на партијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...