Еврокомесарот Хан во Скопје на средби со партиските лидери

Скопје, 15 јануари 2016 (МИА) - Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје има одвоени средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од јуни/јули минатата година и, како што беше соопштено од неговиот кабинет, ќе потсети на одговорноста што тие ја имаат за спроведување на овој договор, вклучувајќи ја и потребата за обезбедување услови за веродостојни избори, во согласност со веќе усогласените рокови.

Хан, стои во соопштението, ќе потсети на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети што Комисијата ги издаде за Македонија, за што македонските политички лидери исто така се обврзаа.

Доаѓањето на Хан се поклопува со рокот за исполнување на обврската од договорот за избор на техничка Влада со нов привремен премиер, чија единствена задача ќе биде спроведување на изборите закажани за 24 април оваа година. 

Претпладнево Хан одржа средби со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во тек е средбата со лидерот на ДПА Мендух Тачи.



Лидерот на СДСМ Заев по средбата истакна дека обврска на сите партиципиенти во овој процес е чесно да пристапат пред граѓаните гарантирајќи им слободно изразена волја.



- Опозицијата е најважниот фактор којшто треба да обезбеди слободна волја на изборите на граѓаните и, секако, исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности. Ќе се направат сите калкулации. Да не прејудицираме. Попладне ќе ги знаеме заклучоците по кои ќе продолжиме, рече Заев.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека изјава поврзана со денешните средби ќе даде кога ќе дојде време. Тој во синоќешното обраќање по повод временото повлекување го повтори ставот на партијата дека изборите треба да се одржат на закажаниот датум во април.



Лидерот на ДУИ Али Ахмети е оптимист дека денеска ќе биде постигнато решение и смета дека нема простор за одложување на изборите од 24 април.

- Ги правиме сите напори за да дојдеме до конечно решение затоа што земјата ја очекуваат многу значајни прашања. Не мислам дека датумот е главниот проблем, туку неколку технички прашања. Сметам дека сме многу блиску до решение и согласност од сите страни, но ќе видиме покасно. Методологијата за прочистување на Избирачкиот список и прашањата за медиумите се техничките прашања за кои се разговара. Сметам дека ќе има решение, но сепак ќе почекаме, ќе видиме колку може да се доближат овие прашања  за кои сметам дека не постојат големи разлики, изјави Ахмети по средбата.



На новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за месец или два, Ахмети нагласи деке не смета оти има простор за тоа и додаде дека првенствено треба фокусот да се стави на прашањата околу стандардите кои треба да се исполнат за организирање избори. Сепак, рече, конечниот збор за стандардите треба да биде кажан од институциите коишто ги организираат и мониторираат изборите - ДИК, ОБСЕ, ОДИХР.

И лидерот на ДПА пред средбата посочи дека остануваат на ставот закажаните предвремени избори дека не треба да се одложуваат.

Пред почетокот на средбите Хан со четворицата лидери на политичките партии потписници на договорот од јуни/јули 2015 година изјави дека очекува оти денеска ќе биде добар ден.

Од Европската комисија во Скопје најавија дека по поединечните средби еврокомесарот во текот на денот ќе има и заедничка средба со партиските лидери на која се очекува да присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли. 

Се очекува денеска да биде постигнат финален договор во врска со неколку отворени прашања поврзани со договорот од Пржино како што се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список, но исто така се очекува до крајот на денот да биде познато дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во рокот што беше договорен - 24 април 2016 година или, пак, тие ќе бидат пролонгирани како што бара опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...