Потешко повредените во сообраќајката во кривопаланечко ќе бидат транспортирани во Софија

Крива Паланка, 3 февруари 2016 (МИА) - Четири лица кои се здобија со тешки телесни повреди откако автобус со бугарски регистарски таблички синоќа излета од магистралниот пат А-2 Куманово – Крива Паланка, со санитетски возила ќе бидат транспортирани во Софија.



Ова денеска го истакна началникот на Итната медицинска помош при Здравствениот дом „Академик проф.д-р Димитар Арсов“, Грозде Спасовски, кој рече дека во несреќата со лесни повреди и набиеници по телото се здобиле и 21 лице на кои им била укажана лекарска помош и се испратени на домашно лекување.

Тој информира дека на терен интервенирале две екипи на Итната медицинска помош кои етапно ги транспортирале повредените.

- Кај нас се јавија 25 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди, двајца со скршеници на клучната коска и сериски скршеници на ребрата, еден со повреда на рамо и исчашен спореден зглоб и една пациентка со скршеници на 11. торакален и вториот лумбален пршлен. Повредите на тројца од нив не бараат оперативно лекување и се третираат конзервативно. Тоа се скршениците на клучната коска и торакалниот пршлен, посочи Спасовски.

Појасни дека кај сите е поставена имобилизација, дадена е терапија, а пациентката со исчашен спореден зглоб на рамото ќе мора да се оперира.

- Околу 2 часот по полноќ пристигна бугарскиот амбасадор во Македонија, м-р Иван Великов Петков којшто беше во постојана координација со нас, ги посети повредените лица и беше договорено во посредство со Бугарската амбасада во Македонија да им биде организиран медицински транспорт во Софија од каде што потекнуваат сите лица, рече Спасовски.

Тој додаде дека вработените во дежурната служба на Итната медицинска помош им ја пружиле неопходната помош на повредените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...