Европска старт-ап недела во Скопје

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Идеја и одличен тим се добар пат за креирање на успешна старт-ап приказна, но за остварување на таа приказна потребно е да се поминат повеќе препреки со кои креаторите на бизнисот можат да се сретнат.

Ова денеска беше истакнато во ЕУ Инфо центарот на завршната Конференција за поддршка на македонската старт-ап заедница како дел од глобалниот завршен настан на т.н. Европска старт-ап недела. 

Игор Маџов од New Man's Business Accelerator посочи дека токму NMBA е фирма која активно влијае на условите за развивање на „стартапите“ односно на сите кои сакаат да основаат бизнис.

- Се надеваме дека заедно со сите останати коорганизатори ќе имаме можност да влијаеме на старт-ап зедницата да се развива на ниво со кое што ќе можеме да работиме надвор од Македонија, а да ги трошиме парите тука, рече Маџов.

Според него, старт-ап компаниите е потребно да знаат што сакаат, односно да влезат во програма што ќе ги поддржи и постојано ќе ги води кон целта што ќе ја постават.

Секој бизнис и секоја нова идеја е исто како голема компанија, рече Миле Бошков претседател на Бизнис-конфедерцијата на Македонија и додаде дека секој вработен или лидер на компанија треба да ги почитува општествените норми  или законски регулативи во насока на еден бизнис.

- Мора да се разговара, да се развива социјалниот дијалог и мора да се почитуваат правилата. Мора пред се бизнисот да стане пасија односно да стане одговорност која ќе придонесе кон подобро општество како и профит на самата компанија, потенцира Бошков. 

Социјалните партнери и деловната заедница, според него, мора да се фокусираат на начинот како да им го олеснат бизнисот на стартапите кои се водени од добра идеа и желба. Но, одредбите и деловната клима мора да биде поткрепена од институционален аспект.

Според Јулијана Прчковска извршен директор на проектот „CoSeed“, конференцијата е добра поддршка на стартапите, бидејќи на едно место се собрани сите чинители што се потребни за стартап бизнис. 

- По прв пат во Македонија имаме средба на која што старт-ап компаниите се заедно со институциите. До сега тие се разминуваа, бидејќи институциите не сакаа да ги прифатат како посебни видови на правни идентитети, а од друга страна старт-ап компаниите посветени на технологијата и на начинот на работење кој што многу не се прилагодува на правилата, на крај завршуваат со проблеми кога се институциите во прашање, истакна Прчковска.

Поддршка за менторство на конференцијата даде и компанијата Inception Enterprise за оние кои сакаат да започнат бизниси, посебно за дигиталната и ИТ индустријата.

- Ќе понудиме менторство, ќе селектираме лиѓе кои имаат потреба од интернационализација на своите бизниси, а воедно ќе им помогнеме да ги изградат своите бизниси. Ние научивме колку беше тешко и каква помош беше потребна да се изгради еден бизнис, истакна Зоран Настески сопственик на Inception Enterprise.

Свои излагања меѓу другите имаа и претставници на Агенцијата за вработување, Централниот регистар, како и адвокатски друштва кои преку презентации на присутните им ги преставија законските можности за успешен старт-ап бизнис. На конференцијата присуствуваа голем број локални претприемачи и засегнати страни кои во три сесии ги претставија своите искуства.

Настанот е организиран во исто време во над 200 градови во цела Eвропа, а инициран е и директно поддржан од ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...