Средба на Пренџов со бугарската колешка Николова

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов денеска оствари средба со заменик- министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Деница Николова.

На состанокот во Министерството за локална самоуправа, како што е наведено во соопштението, се разговараше за следните чекори во спроведувањето на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Пренџов изразил задоволство од реализацијата на Програмата во првиот програмски период 2007-2013, во кој, преку партнерски проекти е остварено највисоко ниво на апсорпција на средства од ИПА инструментот, над  90 отсто.

- Охрабрува фактот дека на првиот јавен повик за проекти во новиот програмски период 2014-2020 има пристигнато 213 проекти, што зборува дека позитивниот тренд продолжува. Тоа покажува дека и од двете страни има изградено капацитети и кај граѓанскиот сектор и кај општините, факултетите и други непрофитни институции и организации за аплицирање и спроведување на проекти за прекугранична соработка, рече заменик-министерот.

Според Николова, првиот повик стартувал успешно.

- Тоа зборува дека сме изградиле систем во кој сите субјекти кои што се заинтересирани се чувствуваат рамноправни во процесот на аплицирање и оценување на проекти, рече Николова и истакна дека во првата програмска фаза се реализирани многу корисни проекти за граѓаните од пограничните региони.

Двајцата колеги на состанокот искажале оптимизам дека се создадени услови за максимална апсорпција на средствата од ИПА инструментот и во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија во вториот програмски период се очекува реализација од над 95 проценти.

Јавниот повик за проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија е затворен на 25 јануари годинава. На општините и на другите потенцијални апликанти од Македонија и Бугарија на располагање им се 7,2 милиона евра за проекти во три области: заштита на животната средина и приспособување кон климатските промени, поттикнување на развојот на туризмот, културното и природното наследство, како и подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...